5.8 C
Скопје
17 октомври, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Мицкоски ги отстрани потпретседателите од ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ обвинува за апсолутна контрола

Лидерот на владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, ги отстрани сите потпретседатели во партијата, според опозициската СДСМ со цел да воспостави апсолутна контрола над партијата, споредувајќи го потегот со политичкиот стил на српскиот претседател Александар Вучиќ.

СДСМ во соопштение наведе дека Мицкоски ги назначил своите најблиски соработници на клучни позиции, истакнувајќи дека новите кадровски промени внатре во ВМРО-ДПМНЕ имаат за цел консолидирање на личната моќ на лидерот.

„Ги постави своите најблиски другари“, се вели во соопштението, во кое се посочуваат конкретни имиња од вчерашните партиски именувања.

Според СДСМ, Томовски е назначен за организациски секретар со цел контрола и „организирање“ на тендерите. Најконтроверзна, според опозицијата, е улогата на Драган Ковачки, соработник од службите блиски до поранешниот шеф на разузнавачките служби, Сашо Мијалков. Ковачки, кој според опозициското соопштение бил одбиен од НАТО и не ги исполнува условите за сертификат, сега е првиот човек за Мицкоски во партијата.

СДСМ посочува дека ваквите назначувања го враќаат ВМРО-ДПМНЕ во периодот кога службите имаа значајна улога во партијата, додека се спроведуваа спорни економски активности. Исто така, се наведува дека вицепремиерот Стоилковиќ, со години во служба на БИА и во интерес на руските служби, е најблизок соработник на Мицкоски во Владата. Според опозицијата, Стоилковиќ одржува контакти со „Ноќните волци“ и странски анти-ЕУ пропагандисти.

„Според најавите, во мај–јуни ќе има реконструкција на Владата за да се постават уште некои луѓе кои му се потребни на Мицкоски“, велат од СДСМ.

Во меѓувреме, Александар Николоски, висок функционер на партијата, соопшти дека новиот Извршен комитет на ВМРО-ДПМНЕ е формиран со јасна цел – победа на следните парламентарни, претседателски и локални избори и спроведување суштински реформи во државата.

„ВМРО-ДПМНЕ останува партија која победува и ја менува Македонија“, рече Николоски. „Новите членови на Извршниот комитет ќе бидат двигатели на тие процеси.“

Тој му се заблагодари на претседателот Мицкоски за довербата и нагласи дека нивната соработка претставува основа за заедничка и деноноќна работа насочена кон реални промени и подобар живот за граѓаните.

Николоски истакна дека во следниот период фокусот ќе биде ставен на одговорно работење, јасна визија и силна организација со цел ВМРО-ДПМНЕ да ја зацврсти политичката позиција и да ја реализира програмата за развој и напредок на Македонија.

Партијата веќе назначи нов генерален секретар – Драган Ковачки, и организациски секретар – Томовски, што, според опозициските коментари, ја зголемува контролата на Мицкоски врз внатрешните процеси во партијата.

 

Related posts

Власта и опозицијата со меѓусебни обвинувања околу притворот и постапката за Артан Груби

admin

СДСМ: Мицкоски се дистанцира од Орбан и Вучиќ по акцијата на САД во Венецуела

admin

Пет земји ја блокираат Црна Гора? Холандија и ЕУ откриваат што навистина се случува

admin

Владата најавува грантови за младите за отворање сопствен бизнис, дел од Оперативниот план 2025

admin

Зелено светло за Албанија, стоп за Северна Македонија

admin

ОН ќе гласа за резолуција за Ормускиот Теснец, Трамп со нови закани кон Иран

admin