26.8 C
Скопје
30 август, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИРЕПУБЛИКА

Грипот стивнува – намалување од 3,2 отсто во споредба со претходната недела

Во периодот од 16 до 22 февруари во Северна Македонија се регистрирани 1.113 случаи на грип и заболувања слични на грип, што е намалување од 3,2 отсто во споредба со претходната недела, соопшти Институтот за јавно здравје (ИЈЗ).

Според податоците на ИЈЗ, најголем број од новозаболените, 621 лице, се на возраст од 15 до 64 години. Регистрирани се 185 случаи кај деца на возраст од 5 до 14 години, 164 случаи кај деца од 0 до 4 години, како и 143 случаи кај лица постари од 65 години.

И покрај намалувањето на неделно ниво, грипот останува активен низ земјата, а највисока инциденца се бележи кај најмалите деца.

Здравствените власти продолжуваат да ја следат состојбата и апелираат до граѓаните да ги почитуваат препораките за превенција и заштита.

Related posts

Владата го одобри Законот за верско средно образование – Медресата „Иса-Бег“ доби формален правен статус

admin

Сиљановска загрижена по „шпионската афера“: Збунета сум од Обвинителството

admin

Осум Македонци се изјасниле како Албанци за да добијат работа во општината

admin

Паника кај штедачите? Филипче бара одговор што се крие зад најавите за вториот столб

admin

Полицискиот инспектор што шверцувал монети во Косово бил незаконски вработен во МВР

admin

Ахмети: Во 2001 ми понудија поделба на Македонија, ја одбив

admin