22.8 C
Скопје
30 август, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИЕКОНОМИЈА

ИЕА најавува историско ослободување на нафта од глобалните резерви

Земјите-членки на Меѓународната агенција за енергија (ИЕА) едногласно одлучија да започнат со најголемото ослободување на резерви за итни случаи во историјата на организацијата, соопшти извршниот директор Фатих Бирол.

Одлуката следи по растечката криза во Ормускиот теснец, а ИЕА ќе пушти 400 милиони барели нафта од стратешките резерви со цел да ја стабилизираат глобалната снабденост и да ги смируваат цените на горивата.

Групата земји Г7, чиј министер за енергетика ги следи движењата на пазарот, најави дека е подготвена да преземе „сите неопходни мерки“ поради растот на цените на нафтата предизвикан од ескалацијата на конфликтот на Блискиот Исток. Сепак, министрите за енергетика на Г7 ја одложија конечната одлука за ослободување на нивните стратешки резерви и побараа дополнителна процена од ИЕА.

Европската комисија соопшти дека земјите членки на ЕУ имаат доволно резерви на нафта и гас и нема индикации за вонредна состојба, нагласувајќи дека се повеќе загрижени за стабилноста на цените отколку за обезбедување на снабдувањето.

По најавите за ослободување на резервите, цената на нафтата на светските берзи почна да паѓа, при што инвеститорите реагираат на координираниот потег на ИЕА.

 

Related posts

Расклатена една ногарка во Европскиот фронт

admin

ЕУ го одложува новиот патнички систем: Хаосот на границите ја сопре реформата

admin

Автомобилите на министрите на Мицкоски вредат скоро милион евра

admin

Интерпелации со однапред познат исход

admin

Осомничениот за нападот врз Трамп пред суд – откриена шокантна онлајн радикализација и план за атентат

admin

Бугарија чека влада, македонската влада – соговорник

admin