7.8 C
Скопје
15 октомври, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Кочани одбележува една година од трагедијата во „Пулс“, собир најавен во 02:15 часот

Граѓаните на Кочани вечерва ќе се соберат пред поранешната дискотека „Пулс“ во 02:15 часот по полноќ, во знак на сеќавање на 63-те лица кои загинаа во пожарот што избувна рано наутро на 16 март минатата година.

Трагедијата, една од најтешките во поновата историја на Северна Македонија, однесе 63 животи, додека повеќе од 200 лица беа повредени.

Пред објектот се поставени 63 срца со имињата на жртвите, придружени со цвеќиња и пораки од граѓани, семејства и пријатели кои им оддаваат почит на загинатите.

Во текот на денот во Кочани и околните места се одржуваат верски обреди, комеморации и други настани во спомен на жртвите. Во црквата „Св. великомаченик Георгиј“ беше одржана света архиерејска литургија и помен, предводени од поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, архиепископот г.г. Стефан.

„Солзите што протекоа во Кочани станаа бол за целиот народ“, изјави архиепископот Стефан, додавајќи дека загинатите „прерано заминати деца, браќа, сестри и пријатели засекогаш ќе недостасуваат“.

Комеморативни настани се организираат и во други градови, меѓу кои и во Виница, каде ќе се одржи помен за две од жртвите.

Годишнината од трагедијата се одбележува со концерти, маршеви и спортски активности, додека семејствата на загинатите и граѓаните повикуваат на правда и одговорност за несреќата.

Related posts

Клучни 48 часа за Газа: Кушнер со посредниците, во понеделник оди кај Нетанјаху

admin

Зголемени повици за формирање зона за забранети летови, и доставување борбени авиони за Киев

admin

Мистериозната порака на министерот Лимани ја тресе коалицијата: кому му порача „ајде, одете“?

admin

ВМРО-ДПМНЕ вели дека владата нема двотретинско мнозинство: ДУИ и СДС “барајќи рогови ќе ја изгубат и главата”

admin

По изборите ќе падне одлуката – Дали Уставниот суд ќе го поништи Законот за јазиците?

admin

ПАРТИЗАЦИЈАТА И НЕПОТИЗМОТ ГИ БРКААТ ЛЕКАРИТЕ ОД ЗЕМЈАВА

ninja