24.8 C
Скопје
31 август, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИРЕПУБЛИКА

СДСМ обвинува: ВМРО-ДПМНЕ активира „Платформа за рушењена опозицијата“ 

Социјалдемократскиот сојуз (СДСМ) денеска обвини дека ВМРО-ДПМНЕ активирала таканаречена „Платформа за рушење на СДСМ “ преку внатрешно слабеење на опозициската партија.

„Паниката во редовите на ВМРО-ДПМНЕ доведе до активирање на оваа платформа, која претставува координирана кампања за уценување и нарушување на стабилноста на СДСМ“, изјави Кузевска. Таа додаде дека ВМРО се обидува да влијае преку нудење пари, работни места и бизнис интереси на одредени лица.

Според СДСМ, овие дејствија се обид да се покријат криминални скандали и недостаток на одговори на прашања што партијата ги изнесе во јавноста. „Нема да дозволиме да се руши СДСМ, очајничките обиди на ВМРО нема да успеат“, истакна Кузевска.

Партијата најави дека сите инволвирани ќе одговараат, потенцирајќи дека обидите за внатрешно слабеење нема да го нарушат нивниот политички континуитет и енергија.

 

Related posts

Не, „камерите што казнуваат“ се’ уште не се во функција, но дали снимаат?

admin

Шест причини зошто ова видео снимка стана вирална преку ноќ

admin

Мицкоски:  Обид за дестабилизација по протестот за правосудниот испит на албански

admin

Царински удар врз ЕУ и Кина: Вашингтон најде нов правен пат по поразот пред Врховниот суд

admin

Синдикатите ја блокираа Владата барајќи минимална плата од 600 евра

admin

Здравството на протест за повисоки плати

admin