35.8 C
Скопје
29 август, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Мицкоски најави можна реконструкција на Владата во мај или јуни

Премиерот Христијан Мицкоски најави дека во мај или јуни би можело да се разговара за реконструкција на Владата, поради незадоволство од работата на дел од функционерите.

Во интервју за телевизијата Алфа, Мицкоски изјави дека има „дилеми“ дали одредени владини претставници и службеници го даваат својот максимум или се однесуваат несоодветно.

„Кај поединци имам задршка и ги опоменувам, бидејќи сметам дека можат повеќе да дадат,“ рече тој, додавајќи дека „нема простор за импровизации“ и дека институциите мора да испорачуваат резултати.

Премиерот не прецизираше дали незадоволството се однесува на кадри од неговата партија или од коалициските партнери.

Тој потврди дека веќе се водат разговори со коалициските партнери за можни кадровски промени.

„Очекувам во мај-јуни да седнеме и отворено да разговараме за сите теми,“ изјави Мицкоски.

Според него, анализите ќе опфатат кои функционери не ги исполниле очекувањата и каде се потребни промени или ротации.

Мицкоски рече дека владата е фокусирана на исполнување на ветувањата и дека функционерите мора да покажат поголема посветеност во работата.

Related posts

Хоџа демантира: Не ги нареков “идиоти” – Албанците во Македонија се државотворен народ

admin

Османи: Ризикуваме изолација како таа од 2006 до 2017 година

admin

Протести против “шок терапијата” на Милеи

admin

Москва е нападната, итна евакуација на населението

admin

Три луксузни стана на Груевски повторно на продажба – најскапиот почнува од 850.000 евра

admin

СО БЛОК ТАРИФИ ПРОТИВ „ИТАРПЕЈОВЦИТЕ“ МЕЃУ ГОЛЕМИТЕ ПОТРОШУВАЧИ НА СТРУЈА

ninja