12.8 C
Скопје
13 октомври, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕГИОН

Експлозив кај гасовод меѓу Србија и Унгарија – Орбан свика итен состанок

Експлозив со голема разорна моќ е пронајден во близина на гасната инфраструктура што ги поврзува Србија и Унгарија, соопшти српскиот претседател Александар Вучиќ.

Според него, експлозивот бил откриен во општина Кањижа, на северот на Војводина, во близина на гасоводот преку кој се транспортира руски природен гас кон Унгарија и други европски земји.

Вучиќ изјави дека српската полиција и армијата од утринските часови го пребаруваат теренот поради сомнежи за загрозување на критичната енергетска инфраструктура.

Унгарскиот премиер Виктор Орбан потврди дека бил информиран за настанот и свикал итен состанок на Советот за одбрана.

„Разговарав со Вучиќ за ситуацијата“, соопшти Орбан, додавајќи дека случајот се третира со највисок степен на сериозност.

Не е соопштено дали станува збор за обид за саботажа, ниту дали има осомничени лица, а истрагата е во тек.

Гасоводот е дел од клучната енергетска рута преку која се снабдуваат повеќе европски земји со природен гас.

 

Related posts

Како за почеток-Километар по километар до 1,3 милијарди евра за автопатите од Коридорите 8 и 10д

admin

Мекмастер: Путин е насилник, уличен силеџија и кукавица

admin

Се формира нова партија од бивши функционери на СДСМ

admin

Тошковски: ДУИ, СДСМ и Левица во оркестриран напад за саботажа на правдата

admin

Бил Гејтс сака средба со Си: Вештачката интелигенција станува глобален безбедносен ризик

admin

Француски суд осуди кинески капетан на танкер поврзан со руската „флота во сенка“

admin