14.8 C
Скопје
14 октомври, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИРЕПУБЛИКА

УЈИЕ ја продлабочува меѓународната соработка со турскиот Универзитет Коч

Универзитетот на Југоисточна Европа (УЈИЕ) ја зајакнува академската соработка со Универзитетот Коч во Турција, по официјалната посета на делегација предводена од ректорот Садудин Ибраими.

Во состав на делегацијата беа и советникот Академик Абдулменаф Беџети и директорот за финансии и човечки ресурси Неби Џемали.

За време на посетата, претставниците на УЈИЕ одржаа работен состанок со проректорката за академски прашања Фунда Јагџи Аџар, на кој беа разгледани можностите за проширување на соработката меѓу двете институции.

Разговорите се фокусираа на актуелните трендови во високото образование, како и на конкретни иницијативи за заеднички активности и академска размена.

Двете страни ја нагласија важноста од зајакнување на меѓууниверзитетските врски и развој на нови форми на меѓународна соработка, со цел унапредување на образованието и истражувањата.

Соработката меѓу УЈИЕ и Универзитетот Коч се гледа како дел од пошироките напори за интернационализација на високото образование во регионот.

Related posts

САД велат дека мировниот план е нивен: не станува збор за руска „листа на желби“

admin

Руте: Европското вооружување ќе отвори 195.000 работни места во Америка

admin

Ковачевски контра ЕУ за Кривичниот законик – исти закони имаат европските земји

admin

Историски пад на довербата: Само 10% од Европејците ги сметаат САД за сојузник

admin

Губи ли ДУИ од „Огнените“ и од обвинувањата за корупција?

admin

Колку ќе ве чини летување во Турција оваа година?

admin