7.8 C
Скопје
15 ноември, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИРЕПУБЛИКА

Слободата на медиумите под притисок од партиски ПР, нетранспарентен капитал и „копи-пејст“ новинарство

Падот на Северна Македонија на 45-то место на индексот на „Репортери без граници“ ја отвори дебатата за состојбата со медиумската слобода, економската зависност на редакциите и политичкото влијание врз јавниот простор.

Во колумна, авторот Јовица Пауноски оценува дека медиумската слобода во земјата не се ограничува само преку директна цензура, туку и преку економски притисок, нетранспарентна сопственост, партиска доминација и пренатрупаност со неважни информации.

Според него, македонскиот медиумски пазар е мал, фрагментиран и финансиски слаб, што ја прави независноста тешко одржлива. Редакциите, како што наведува, често зависат од државно рекламирање, маркетинг агенции и центри на моќ, што создава простор за автоцензура.

Како еден од клучните проблеми се посочува нетранспарентната сопственичка структура на медиумите. Авторот оценува дека е потребен медиумски ветинг за проверка на потеклото на капиталот и реалните сопственици.

Во текстот се критикува и состојбата во Македонската радио-телевизија, која, според авторот, треба да биде столб на објективното информирање, но со години функционира под силно политичко влијание и без доволна квалитетна продукција.

Посебен проблем е и слабеењето на дописничката мрежа. Пауноски наведува дека македонските медиуми речиси немаат свои дописници ниту во меѓународни центри, ниту во помалите градови во земјата, што доведува до доминација на „копи-пејст“ новинарство.

Авторот предупредува дека институциите и политичките партии сè почесто го преплавуваат медиумскиот простор со соопштенија, додека важни теми се пласираат во термини кога јавниот ефект е помал.

Заклучокот е дека без финансиски транспарентни, професионални и независни медиуми нема вистинска демократија, туку само привид на слобода во кој јавноста тешко доаѓа до проверена и релевантна информација.

Related posts

Османи тужен, но не се појави на рочиштето

admin

Фетаи: Жал ми е што моите пријатели се „артанизираа“

admin

ДЕМНЕЊЕ СТАНА КРИВИЧНО ДЕЛО, ЗАТВОР ЗА НАПАЃАЧИ НА НОВИНАРИ, ЛЕКАРИ И АДВОКАТИ

ninja

Северна Македонија чека одлука од Уставниот суд за „солидарниот данок“

admin

ВЛЕН го претстави Централниот изборен штаб, ја зајакнува предизборната стратегија

admin

РУСКИ ВОЕН АВИОН УРНАЛ АМЕРИКАНСКИ ДРОН НАД ЦРНОТО МОРЕ

ninja