11.8 C
Скопје
16 октомври, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИРЕПУБЛИКА

Миле Цеков од ЗНАМ ќе делува како независен пратеник

Пратеникот на ЗНАМ, Миле Цеков, го напушти парламентарното мнозинство и најави дека во иднина ќе делува како независен пратеник.

Цеков изјави дека во политиката влегол за да ги промени работите, но дека по две години како дел од власта е незадоволен од насоката во која се движат процесите.

„Станав пратеник за да побарам одговорност за криминалот и корупцијата, да се борам за промена на системот и да покажам дека има место во политиката за чесни и работливи луѓе. Но, за жал, промените не се случуваат“, изјави Цеков.

Тој рече дека останува отворен за соработка со сите што ги делат неговите вредности.

Во однос на уставните измени, Цеков повтори дека нема ништо против внесување на Бугарите, Хрватите и Црногорците во Уставот, но само со, како што рече, јасно заштитени национални и идентитетски интереси.

„Сакам Македонија да влезе во Европската Унија со јасен и чист македонски јазик, култура и идентитет. Тие теми не се за преговарање“, изјави тој.

Цеков подолго време имал несогласувања со раководството на ЗНАМ и во Собранието за повеќе законски решенија гласал спротивно од ставот на владејачкото мнозинство.

По неговото заминување, пратеничката група на ЗНАМ ќе брои пет пратеници.

Related posts

Универзитетите и пазарот на трудот: Дали високото образование успева да одговори на новите потреби на економијата?

admin

Зошто младите заболуваат од рак почесто: Научниците посочуваат на забрзано биолошко стареење

admin

ВЛЕН ја обвини ДУИ за злоупотреба на концептот на ветинг, бара транспарентност за имотот и дејствата на нејзините лидери

admin

Цензусот ќе пресуди кој ќе дава мандат за нова влада

admin

БЕСА го направи првиот чекор: Вреди ли обединување во ВРЕДИ?

admin

ЗА НАС Е ПОРАЗИТЕЛНО ОТИ НЕ СМЕ СИ ГИ ЗАВРШИЛЕ ДОМАШНИТЕ ЗАДАЧИ, ВЕЛИ ​​​​​​​ДКСК ЗА ТИМОТ ЗА САНКЦИИ ОД ВАШИНГТОН

ninja