31.9 C
Скопје
23 јуни, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Осум од десет задачи незавршени? Политичка пресметка за реформската агенда

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека Македонија напредува во спроведувањето на реформската агенда и наскоро ќе добие позитивна оценка од Брисел, додека опозициската СДСМ обвини дека најголем дел од задачите остануваат неисполнети.

Одговарајќи на пратеничко прашање во Собранието, Мицкоски рече дека „16 или 17 од вкупно 22 индикатори“ за извештајниот период до крајот на 2025 година се успешно завршени.

„Од последни во регионот, сега сме рамо до рамо со фронтранерот Црна Гора“, изјави тој, додавајќи дека официјалната потврда од Брисел се очекува во наредните денови.

Премиерот нагласи дека до крајот на јуни истекува таканаречениот „грејс-период“ за исполнување на дел од обврските, но посочи дека Владата нема намера да реализира еден од клучните индикатори во енергетиката.

„Доколку престанеме со субвенционирањето на електричната енергија, цената за домаќинствата би се зголемила за повеќе од 35 проценти. Тоа ќе предизвика ценовен шок“, рече Мицкоски.

Тој додаде дека се работи на финализирање на подзаконските акти во енергетиката, како и на економски реформи, вклучително и формирање регистар на државни компании.

Во делот на правосудството, премиерот најави измени кои ќе обезбедат поголема независност на судиите и обвинителите, со тоа што одлуките за вработување и унапредување ќе се префрлат од Владата кон релевантните совети.

СДСМ, пак, соопшти дека од 10 клучни реформски точки само две се целосно исполнети, додека останатите се делумно реализирани или воопшто не се започнати.

Партијата ги посочи уставните измени, борбата против корупцијата, реформата на јавната администрација и енергетската транзиција како области со најголеми заостанувања.

Од опозицијата прашаа како Владата планира да ги заврши преостанатите задачи во краток рок, наведувајќи дека за реализација на дел од реформите биле потребни години.

 

Related posts

Политички спорови околу учебникот по географија: ДУИ и ВЛЕН во судир околу именувањето на Косово

admin

Вучиќ удри по демонстрантите, го обвини Западот за потикнување немири

admin

Фон дер Лајен подготвува удар врз кинескиот увоз: Следува ли трговска пресметка во ЕУ?

admin

Го искритикува Мицкоски, експресно разрешена потпретседателката на БЕСА

admin

Мандатот на Ковачевски – економски пожари, закочена евро-интеграција и зголемена корупција

admin

Извештај на ЕК: Нема уставни измени на кои државата се обврза

admin