22.8 C
Скопје
30 август, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАСВЕТ

„Заканата е реална“: НАТО воведува ново оружје против дронови

Романија тестираше нови системи за воздушна одбрана со вештачка интелигенција во рамки на воена вежба на НАТО, додека конфликтот во соседна Украина се приближува до нејзините граници.

Во фокусот на тестирањата беа пресретнувачите на дронови „Merops“, развиени од американската компанија Project Eagle, поврзана со поранешниот извршен директор на Google, Ерик Шмит. Системот, според романскиот министер за одбрана Раду Мирутa, ќе биде оперативен „за неколку дена“.

Романија, која има 650 километри долга граница со Украина, повеќепати пријави нарушувања на својот воздушен простор од руски дронови, особено за време на нападите врз украинските пристаништа на Дунав.

„Заканата е реална“, изјави генерал-мајор Арно Сталман од НАТО, додавајќи дека се потребни нови решенија поради зголемените упади на дронови во земји членки на Алијансата.

Во текот на двонеделната вежба „Eastern Phoenix“, НАТО и романските сили тестираа различни системи, вклучувајќи радари, сензори и опрема за електронско попречување, развиени од приватни компании.

Системот „Merops“ користи автономни дронови управувани со вештачка интелигенција и радар, кои можат самостојно да детектираат и неутрализираат цели. Веќе се користи во Украина и Полска.

Министерот Мирутa изјави дека тестирањето било делумно успешно, откако еден дрон промашил цел поради преголема брзина, но ја пофали прецизноста на радарот и термалната технологија.

„Овој систем значително го намалува бројот на ситуации со кои не можеме да се справиме“, рече тој.

Романија веќе располага со системи како борбени авиони F-16, „Patriot“ ракетни системи, HIMARS лансери, како и јужнокорејски и германски противвоздушни системи.

Во меѓувреме, Романија и Украина планираат заедничко производство на дронови со поддршка од новиот европски механизам за вооружување.

Related posts

Големи очекувања на македонската влада од Tрамп

admin

Истраги откриваат коруптивни шеми во Управата за јавни приходи вредни десетици милиони евра

admin

ОПЕК+ ќе го зголеми производството кога ќе се отвори Ормус, но влијанието засега е ограничено

admin

Руски борбени авиони ја прекршија воздушната зона на Естонија, Талин бара консултации во НАТО

admin

Екс министерот Сали не знаел за КАТО системот на Онкологија

admin

Банон бара депортација на Илон Маск – „Лажирал документи за државјанство!“

admin