7.8 C
Скопје
17 октомври, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИРЕПУБЛИКА

„Тројански коњ на Балканот“ – нова ескалација меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ

Опозицискиот Социјалдемократски сојуз на Македонија (СДСМ) го обвини премиерот Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ дека ја оддалечуваат земјата од Европската Унија и ја претвораат во, како што наведоа, „тројански коњ на Балканот“.

Во партиско соопштение, СДСМ оцени дека додека НАТО и ЕУ предупредуваат на хибридни закани, руско влијание и концептот на „српски свет“ во регионот, актуелната власт ја турка државата кон изолација и странски агенди.

Партијата посочи кон вицепремиерот Иван Стоиљковиќ, за кого наведе дека јавно зборува за врски со Русија и со „Ноќните волци“, група блиска до рускиот претседател Владимир Путин.

СДСМ упати критики и кон новинарот Драган Павловиќ Латас, кого го опиша како „главен уредник на Орбановите медиуми во Македонија“ и човек со, како што тврдат, „долга историја на соработка со српските служби и УДБА“.

„Колку уште пораки треба да стигнат за да разбереме дека Мицкоски и неговата организација работат против македонските интереси?“, прашуваат од СДСМ.

Во реакцијата, опозициската партија повторно обвини дека „половина од ВМРО-ДПМНЕ има бугарски пасоши“, вклучително и функционери и членови на нивните семејства.

СДСМ наведе дека Мицкоски предложил закон за двојно државјанство кој би важел дури од следниот парламентарен состав, но го повлекол предлогот откако СДСМ побарало законот веднаш да важи и за актуелните функционери.

„Толку веруваат во Македонија. Толку за нивниот ‘патриотизам’“, се наведува во реакцијата.

Од партијата тврдат дека Мицкоски не сака членство во ЕУ затоа што тоа би значело „независно судство и крај на криминалот“.

„Македонија не е тројански коњ. Македонија е европска држава“, порача СДСМ, повикувајќи на забрзување на реформите и продолжување на евроинтегративниот процес.

 

Related posts

Вештачката интелигенција не е човек: Шефот на Мајкрософт предупредува каде може да нè одведе трката за суперинтелигенција

admin

Николоски: Функционери на ДУИ стекнале земјиште каде се цртала новата автопатска траса кон Блаце!

admin

ДУИ: Македонија во НАТО без ниту еден Албанец во делегацијата

admin

НАТО за Шпанија: Нема механизам за исклучување членки

admin

Американската дипломатија поубедителна од европската?

admin

Германската економија продолжува да тоне

admin