12.8 C
Скопје
7 септември, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИРЕПУБЛИКА

Почина Арсим Зеколи, аналитичар и поранешен амбасадор

Во раните утрински часови денеска ненадејно почина Арсим Зеколи, поранешен дипломат, политички аналитичар и амбасадор на Северна Македонија во седиштето на ОСБЕ во Виена.

Веста за неговата смрт ја соопштија негови блиски и пријатели преку објава на социјалните мрежи.

„Со длабока болка и голема тага, ве известуваме дека денес, во раните утрински часови, неочекувано почина Арсим Зеколи“, стои во објавата.

Според информацијата од семејството, погребната церемонија ќе се одржи денеска во 18 часот на гробиштата во населбата Зеколи во селото Блаце.

Арсим Зеколи беше долгогодишен дипломат и познавач на меѓународните односи. Во текот на својата кариера работеше во повеќе меѓународни организации и институции, а беше и постојан претставник на Македонија при Обединетите нации и меѓународните организации во Виена.

Во јавноста беше препознатлив и како политички аналитичар и коментатор на регионалните и меѓународните случувања.

 

Related posts

Кој ја злоупотребува Европа: власта, опозицијата или новите политички сателити?

admin

Италија испрати 40 одбиени баратели на азил во Албанија под новата шема за миграција

admin

Само 17 пратеници “за”: Зошто пропадна обидот за амнестија?

admin

Македонската влада воведува специјални регистарски таблици за службени возила со цел спречување на злоупотреби

admin

Тензиите на Црвеното Море погубни за глобалната економија

admin

Државниот врв и родителите на загинатите од „Пулс“ на седница во Собранието

admin