29.5 C
Скопје
13 јули, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕГИОН

Албанија го отвори последниот кластер со ЕУ: Рама и Брисел со пораки што може да ја променат иднината на регионот

Албанскиот премиер Еди Рама денес го поздрави отворањето на последниот кластер од пристапните преговори со Европската унија, оценувајќи дека земјата направила стабилен напредок кон членството и дека процесот бара постојана посветеност и истрајност.

На заедничката прес-конференција со комесарката за проширување Марта Кос и данската министерка за надворешни работи Мари Бјера — чија земја претседава со Советот на ЕУ — Рама рече дека скептицизмот кај дел од јавноста не произлегува од недоверба кон ЕУ, туку од легелни прашања за темпото и завршницата на процесот.

Тој истакна дека преговорите помогнале во консолидирање на институциите, зајакнување на владеењето на правото и усогласување со европските стандарди, „правејќи ја Албанија посилна и пофункционална држава“.

Говорејќи за скептиците, Рама рече дека тие „се луѓе кои силно веруваат во Европа, но прашуваат дали овојпат навистина ќе стигнеме до крајот“.

Комесарката за проширување Марта Кос оцени дека отворањето на последниот кластер е резултат на „напорната работа на Албанија“, при што граѓаните се оние што ги испорачуваат резултатите.

„Нашата улога е да ве поддржиме, но разликата ја прават вашите резултати“, рече таа.

Данската министерка Мари Бјера го оцени отворањето на финалниот кластер како „значајна пресвртница“ за Албанија и сигнал за другите земји кандидати.

Албанскиот претседател Бајрам Бегај рече дека отворањето на последниот кластер претставува важен чекор што го потврдува континуираниот напредок на земјата и отвора „нова фаза на продлабочени реформи“ во земјоделството, безбедноста на храна, регионалниот развој и управувањето со ресурси.

На меѓувладината конференција во Брисел беше отворен кластерот „Ресурси, земјоделство и кохезија“, кој ги опфаќа поглавјата:
– 11 (земјоделство и рурален развој)
– 12 (безбедност на храна, ветерина и фитосанитарна политика)
– 13 (рибарство и аквакултура)
– 22 (регионална политика и структурни инструменти)
– 33 (финансиски и буџетски одредби)

Ова е последниот кластер што Албанија го отвора во процесот на пристапување кон ЕУ.

Министерката за Европа и надворешни работи Елиса Спиропали рече дека со отворањето на финалниот кластер се затвора „еден долг циклус на напорна работа“ и се отвора „нов хоризонт на предизвици“.

Таа додаде дека Албанија е „подготвена да ги затвори преговорите до 2027 година“ и дека „Албанија не запира“.

Related posts

Филипче реизбран за лидер на СДСМ со намалена поддршка, експерти прашуваат за неговиот легитимитет

admin

СДСМ ќе го поддржи договорот со Британија, но бара транспарентност од Владата

admin

ОСУМ ИЛЈАДИ МАЛИ И МИКРО ФИРМИ ВО СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ЗА ТРИ ГОДИНИ СТАВИЛЕ КЛУЧ НА ВРАТA

ninja

Станува ли меѓуградскиот превоз луксуз за младите?

admin

Блокади на улици за државни функционери: балканска практика или европска норма?

admin

Протест: „Собранието заседава – ве молиме за галама“

admin