13.8 C
Скопје
9 октомври, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Нон-пејперот не носи спас од уставните измени, порача евроамбасадорот

Евроамбасадорот Михалис Рокас изјави дека усвојувањето на уставните измени останува клучен предуслов за почеток на преговорите на Северна Македонија со Европската Унија, нагласувајќи дека француско-германскиот нон-пејпер не ја менува постојната преговарачка рамка.

Одговарајќи на новинарско прашање при посетата на Штип, Рокас рече дека документот не овозможува интеграција во ЕУ без промена на Уставот.

„Прво треба да се усвојат уставните измени за да може да започнат преговорите“, изјави Рокас.

Тој потсети дека преговарачката рамка договорена во 2022 година јасно предвидува дека по усвојувањето на уставните измени треба да следи меѓувладина конференција, а потоа и почеток на официјалните преговори.

Според Рокас, нон-пејперот на Франција и Германија не носи нови услови, туку ги систематизира чекорите во процесот и го зајакнува моментумот за проширување.

„Пораката од самитот во Тиват е дека проширувањето е жив, динамичен и ургентен процес. Земјите кандидатки не треба да ја пропуштат оваа можност“, рече евроамбасадорот.

Во однос на реформите, Рокас оцени дека има забрзување, но конечната оценка ќе ја даде Европската комисија. Тој посочи дека до крајот на јуни се очекува усвојување на дел од законите поврзани со реформската агенда.

Рокас нагласи дека уставните измени се политичка одлука што треба да ја донесат Собранието и политичките партии.

Тој се осврна и на акцискиот план за малцинствата, кој е дел од условите за отворање на кластерите, заедно со патоказот за владеење на правото.

„Добрите соседски односи се дел од правото на ЕУ. Она што беше договорено во 2022 година треба да се реализира“, порача Рокас.

Related posts

СОВЕТОТ НА ЕВРОПА УСВОИ РЕЗОЛУЦИЈА ЗА ЗАШТИТА НА МАЛЦИНСТВАТА ВО МАКЕДОНИЈА

ninja

Трамп свика итен состанок на кабинетот

admin

Младите во Северна Македонија сè поскептични кон ЕУ: корупцијата главна пречка

admin

Возач фатен пијан зад воланот кај Куманово – казнети над 600 сообраќајни прекршоци за еден ден

admin

Мицкоски: Не јас, ЕСЧП кажа чии права се повредени

admin

Буџет 2023: Поддршка за граѓаните и фирмите во кризата и ветeр во грб на економијата

admin