20.8 C
Скопје
9 октомври, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Софија испрати нова порака до Скопје: Францускиот предлог мора да се спроведе

Бугарија очекува Северна Македонија да ги исполни европските критериуми за членство во Европската Унија, вклучително и обврските преземени со францускиот предлог од 2022 година, порача бугарската потпретседателка Илијана Јотова на средбата со претседателката Гордана Сиљановска-Давкова во рамки на Самитот на Процесот за соработка во Југоисточна Европа во Софија.

Според соопштението од кабинетот на Јотова, таа нагласила дека францускиот предлог претставува заедничка европска позиција за пристапувањето на Северна Македонија во ЕУ и дека не станува збор за билатерални бугарски барања.

Јотова истакнала дека за отворање на преговарачките поглавја Скопје треба да ги исполни преземените обврски, меѓу кои и внесувањето на Бугарите во Уставот.

Таа повикала и на почитување на правата на граѓаните со бугарска самосвест во Северна Македонија и на прекин на говорот на омраза.

Средбата меѓу Сиљановска-Давкова и Јотова се одржа на маргините на самитот во Софија, каде главни теми беа европската интеграција на регионот, безбедносните предизвици и регионалната соработка.

Претходно во текот на денот, Сиљановска-Давкова порача дека Балканот има потреба од „дебалканизација преку европеизација“ и дека државите од регионот треба да се натпреваруваат во знаење, иновации и економски развој, наместо во блокади и поделби.

Од македонска страна беше повторен ставот дека европската интеграција треба да се води според принципот на заслуги и дека не треба да има нови билатерални условувања поврзани со идентитетот, јазикот и историјата.

Related posts

Меџити: Таравари се самоисклучи од ВРЕДИ, веќе има договор со ДУИ

admin

МВР приведe осомничен за подметнување пожар кај Струмица, Заев демантира поврзаност

admin

Во Северна Македонија се одржуваат претседателски и парламентарни избори

admin

Бериша: Албанија да го примени македонскиот модел за горива

admin

Бајден: САД стојат зад Израел

admin

Зошто молитвата на планината Арафат е духовен врв на муслиманските аџии

admin