22.9 C
Скопје
23 јуни, 2026
Inbox7.mk
СТАВ

Поголема општествена одговорност за поголема одржливост на претпријатијата

Општествената одговорност на претпријатијата претставува одговорност на претпријатието за влијанието на неговите одлуки и активности врз општеството и животната средина. Тоа се постигнува преку етичко и транспарентно делување кое придонесува за одржлив развој, при што се земаат предвид очекувањата и ставовите на засегнатите страни.

Пишува: Ристе Костовски

Моделот на општествена одговорност е поврзан со самата одржливост на претпријатијата, бидејќи претставува еден вид поттикнувачки механизам за подобрување на нивните еколошки, етички и социјални перформанси. Како придобивки од општествената одговорност можат да се наведат:

  • Подобар углед и поефикасно управување со ризикот за угледот;
  • Поефикасно управување со трговската марка;
  • Полесен пристап до финансиски средства;
  • Зголемена продуктивност;
  • Подобра организациска клима во рамките на организацијата и др.

Општествената одговорност придонесува за подобрување на угледот на компаниите, нивната етаблираност на пазарот, препознатливоста кај потрошувачите и нивните очекувања од самата компанија. Оттука, кога постои добро поставен систем на општествена одговорност, компаниите имаат подобра основа за управување со својата трговска марка.

Подобрата мотивираност на вработените, како и организациската култура врз која влијае општествената одговорност, во крајна инстанца водат кон поголема продуктивност.

Бидејќи општествената одговорност придонесува за предвидување на ризиците, како и за подобрување на пазарниот потенцијал на компанијата, сето тоа овозможува полесен пристап до извори на финансирање.

Поради овие причини, неопходен е стратешки пристап кон концептот на општествена одговорност. Во однос на развојот на овој модел, во современи услови се применува моделот на создавање заеднички вредности, кој се темели врз усогласеноста со засегнатите страни.

Моделот на општествена одговорност е важен за создавање конкурентска предност на претпријатијата, бидејќи покрај влијанието врз нивниот углед и подобрената пазарна позиција, влијае и врз мотивацијата на вработените во рамките на самата организација.

Поради тоа, потребна е поголема поддршка од институциите за развивање и пренесување добри практики на општествена одговорност меѓу претпријатијата, кои ќе помогнат во подобрувањето на нивната конкурентност и одржливост.

Овие димензии на влијанието на општествената одговорност се потврдуваат и преку научната литература. Имено, Маракова и соработниците (2021) во својот труд наведуваат дека општествената одговорност е еден од факторите што влијаат врз конкурентската предност. Како што претходно беше истакнато, општествената одговорност преку различни механизми придонесува за подобрување на процесите кои, во крајна инстанца, водат кон подобри резултати.

Понатаму, Арслан и Земан (2014) во своето емпириско истражување укажуваат на позитивното влијание на општествената одговорност врз угледот и трговската марка на компанијата, кое се пренесува преку перцепциите и ставовите на потрошувачите.

Ретаб и соработниците (2009), во нивната анализа, го потврдуваат позитивното влијание на општествената одговорност врз организациските перформанси преку финансиската димензија, корпоративниот углед и посветеноста на вработените, кои се клучни за одржливоста на растот и развојот на компаниите.

Во однос на состојбите и тековите на општествената одговорност во нашата земја, постојат добри практики кај голем дел од компаниите. Како системски пристап за развивање на општествената одговорност, позитивен чекор претставува формирањето на Координативното тело за општествена одговорност при Министерството за економија. Сепак, потребна е поголема програмска усогласеност на сите нивоа, како и подобрување на капацитетите на самите компании за прифаќање и спроведување на практиките на општествена одговорност.

Related posts

Иднината ни е во Европа. Но, има ли иднина ваква Европа.

admin

Само вистината ќе ни’ прости

admin

СКИЈАЧКИ ЦЕНТРИ ВО МАКЕДОНИЈА И МИХАЈЛОВО

admin

Зошто Кина е толку лоша во фудбалот?

admin

Корупцијата како пораз на медицинската етика

admin

Русија се обидува да го зајакне влијанието преку линиите на поделба во поранешна Југославија

admin