27.8 C
Скопје
24 јуни, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Потпишано во Брисел: Нови милиони, знаење и европски мрежи за македонското здравство

Министерот за здравство Азир Алиу и еврокомесарот за здравство Оливер Вархеј денеска во Брисел го потпишаа договорот за учество на Република Северна Македонија во програмата EU4Health, најголемата програма на Европската Унија во областа на здравството.

На церемонијата на потпишување, Алиу оцени дека приклучувањето кон програмата претставува значаен чекор во европската интеграција на македонскиот здравствен систем и потврда дека реформите во секторот се усогласуваат со европските стандарди и приоритети.

„Со потпишувањето на договорот, нашата држава станува дел од европските напори за зајакнување на здравствените системи, унапредување на јавното здравје, дигитализација на здравствените услуги и подобрување на подготвеноста за здравствени кризи. Ова е инвестиција во поквалитетни услуги за граѓаните, посилни институции и подобри услови за пациентите и здравствените работници“, изјави Алиу.

Тој додаде дека програмата ќе обезбеди дополнителна европска поддршка, експертиза и партнерства за спроведување на реформските процеси во здравството.

Според министерот, потпишувањето на договорот испраќа порака дека Северна Македонија својата европска определба ја претвора во конкретни политики и можности за граѓаните.

Учеството во EU4Health ќе им овозможи на македонските здравствени институции и експерти да се вклучат во европски мрежи, заеднички проекти и иницијативи насочени кон подобрување на здравствените политики, дигиталната трансформација и квалитетот на здравствените услуги.

Програмата EU4Health е најголемата европска иницијатива во областа на здравството, создадена за зајакнување на отпорноста на здравствените системи, поддршка на иновациите и подобрување на јавното здравје во земјите учеснички.

Related posts

Судскиот совет лани не му најде „мана“, сега фатен на дело

admin

Силно невреме и бура на Охридското Езеро, траект со туристи заврши во албански води

admin

Часовниците на Мицкоски и Ристовски вредат над 130 илјади евра

admin

Зголемен сообраќај на границите на Србија и Северна Македонија, чекања до три часа

admin

Кинеските електрични автомобили ги заобиколуваат европските царини и растат во извозот

admin

Крвава пресметка на Пекинг: Стрелани 11 членови на озлогласена мафија што киднапирала илјадници луѓе

admin