27.7 C
Скопје
25 јуни, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕГИОН

Софија возврати: Нема нота, нема извинување за Скопје

Бугарското Министерство за надворешни работи соопшти дека не испратило дипломатска нота ниту друга официјална кореспонденција поврзана со посетата на членови од семејството на македонскиот премиер Христијан Мицкоски на Бугарија.

Реакцијата следува по изјавата на министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, кој побара Софија да се извини и да објасни како во јавноста се појавиле информации за патувањето на семејството на премиерот во Пампорово.

Од бугарското МНР наведуваат дека информациите што во последните денови се појавија во јавноста се однесуваат на вербална нота од 6 јануари 2026 година и на настани што, според нив, одамна завршиле.

„Во моментов оваа информација не може да се смета за основа за заклучоци дека постои непосредна опасност за безбедноста на граѓани на Бугарија или на друга држава“, соопшти Министерството.

Оттаму додаваат дека придаваат исклучително значење на заштитата на дипломатската кореспонденција и дека строго ги почитуваат меѓународните правила и практики во оваа област.

Македонската страна претходно побара извинување и објаснување, тврдејќи дека во јавноста била објавена доверлива дипломатска комуникација поврзана со безбедносните аспекти на приватната посета на семејството на премиерот.

Related posts

Грција, Франција и Германија испраќаат воени сили на Кипар по нападот со дронови

admin

Спасена мечка заглавена во бачило во Бозовце (ВИДЕО)

admin

Порака од Москва, не само напад врз Украина: што значи употребата на „Орешник“

admin

Март изгор поскап од февруари- 1.000 евра месечно за храна

admin

Уапсен додека пешки се движел низ автопат во Турција: Кој е Лупчо Палевски?

admin

Постапката за Беса Адеми – порака со далекусежни последици!

admin