14.8 C
Скопје
17 октомври, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Нови правила за судските и обвинителските службеници: Владата вели реформи, опозицијата гледа контрола

Македонското Собрание во четврток ги усвои новите закони за судска и јавнообвинителска служба, и покрај противењето на опозицискиот СДСМ, кој оцени дека тие нема да придонесат за поголема независност и ефикасност на правосудниот систем.

Законот за судска служба беше усвоен со 61 глас „за“ и 12 „против“, додека Законот за јавнообвинителска служба доби поддршка од 62 пратеници, а против гласаа 13.

Пратениците од СДСМ не ги поддржаа законските решенија, оценувајќи дека тие не претставуваат суштински реформи и дека не обезбедуваат независност, непристрасност и професионален напредок во судската и јавнообвинителската служба.

„Наместо зајакнување на самостојноста на јавнообвинителската служба, во повеќе одредби од законот се задржуваат механизмите преку кои извршната власт продолжува да има влијание врз вработувањата, унапредувањата, организацијата на работата и управувањето со човечките ресурси“, изјави пратеничката на СДСМ, Јованка Тренчевска.

Пратеникот Љупчо Пренџов од парламентарното мнозинство изјави дека во текот на јавната расправа биле прифатени двете клучни забелешки на вработените во овие служби – да не им се намалуваат платите и да го задржат својот статус.

„Ниту еден службеник нема да има помала плата, а секој судски и јавнообвинителски службеник го задржува статусот што го имал досега. Тие две клучни барања ги прифативме и сметаме дека за тоа треба да се даде поддршка“, рече Пренџов.

Во рамки на истата 108. собраниска седница беа усвоени и Законот за високи раководни службеници, Законот за користење енергија од обновливи извори и Законот за оружје.

Гласањето за Предлог-законот за парнична постапка ќе биде дополнително закажано.

Related posts

Бугарите што работат во странство испратиле 1.32 милијарди евра средства во 2024 година 

admin

Опасна воздушна провокација: Руски авиони влегуваат во Естонија, НАТО во готовност

admin

ТРАЈАН АНГЕЛОСВКИ: Да се намали администрацијата, а не да се покачат даноците

admin

Што се договараше во Мала Речица? Филипче и Ахмети во неочекувана средба

admin

Анкета: 55% од странските инвеститори планираат нови вложувања во Северна Македонија

admin

ТРАГЕДИЈА | Пожар во дискотека во Кочани: Најмалку 51 загинат, над 100 повредени

admin