28.5 C
Скопје
8 јули, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Кос му порача на Мицкоски: Довербата со ЕУ се гради со дела, не со гаранции

Еврокомесарката за проширување Марта Кос изјави дека Северна Македонија има реална можност да напредува кон членство во Европската Унија, но повтори дека усвојувањето на договорените уставни измени останува неопходен услов за формално придвижување на пристапниот процес.

Кос, која престојува во еднодневна посета на Скопје, ја пофали Владата за спроведувањето на Реформската агенда и оцени дека земјата е меѓу најнапредните во регионот во исполнувањето на обврските поврзани со Планот за раст.

Таа рече дека останува уште да се постигне меѓупартиски консензус за Изборниот законик, со што Северна Македонија би можела целосно да ги исполни тековните барања од ЕУ.

„Потребно е да се постигне заеднички меѓупартиски консензус за да може да имаме 100 отсто успех“, изјави Кос, додавајќи дека реформите и пристапниот процес во одреден момент ќе се поврзат и ќе овозможат побрз напредок.

Кос нагласи дека процесот на проширување не се темели на однапред дадени гаранции, туку на доверба, исполнување обврски и добрососедски односи.

„Довербата не се гради само со добри зборови, туку и со добри дела“, рече таа, додавајќи дека земјите-кандидатки треба да избегнуваат потези и реторика што ги зголемуваат тензиите.

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека Владата останува посветена на реформите и дека членството во ЕУ е единствена опција за земјата. Тој повтори дека очекува евроинтеграцијата да се темели на јасни критериуми, предвидливост и еднаков третман, а не на билатерални прашања.

Кос порача дека Северна Македонија има место во ЕУ, но дека следниот чекор останува политичка одлука во Скопје.

Related posts

Германија: Поранешниот вицеканцелар Роберт Хабек ја напушта политиката

admin

Екстрадиција во сенка на скандал? Груевски отвора нов фронт

admin

Изборите во Косово ја бришат опозицијата: Курти добива апсолутна предност

admin

Средба Османи-Гутереш: Посветени да работиме заедно со ОН

admin

Нафтата нагло падна по најавите за договор меѓу САД и Иран, берзите во силен раст

admin

Зголемени тензии меѓу албанските партии поради најновите владини случувања

admin