13.8 C
Скопје
10 октомври, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Македонија доби пофалби во НАТО, но испрати порака до ЕУ

Северна Македонија е докажан и кредибилен партнер на НАТО, но истата логика на сојузништво и разбирање треба да се примени и во процесот на европска интеграција, изјави претседателката Гордана Сиљановска-Давкова по учеството на Самитот на НАТО во Анкара.

Сиљановска-Давкова рече дека земјата одговорно придонесува во Алијансата и дека добила признание за својата улога, но оцени дека е време да се надмине „лавиринтот“ во кој, според неа, Северна Македонија се наоѓа на патот кон Европската Унија.

„Понекогаш се чудам како може исти државници, исти претседатели, исти премиери, на еден начин да се однесуваат во рамките на НАТО, да манифестираат разбирање, а кога се работи за Европската Унија, 20 години да нè држат во лавиринтот. Време е тоа да се надмине“, рече Сиљановска-Давкова.

Министерот за одбрана Владо Мисајловски изјави дека Северна Македонија добила пофалби од повеќе земји членки како држава која, и покрај својата големина, дава значаен придонес во НАТО. Тој рече дека земјата веќе издвојува околу четири проценти од БДП за одбрана и сродни трошоци, во насока на новата цел на Алијансата за пет проценти до 2035 година.

Министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски рече дека на маргините на Самитот имал средби со претставници на земји од НАТО и од Арапскиот Залив, на кои се разговарало за конфликтот со Иран, регионалната безбедност, економската соработка и европската интеграција на Северна Македонија.

Сиљановска-Давкова рече дека на приемот кај турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган имала кратка средба со бугарскиот претседател Румен Радев, кој, според неа, ѝ рекол дека не се само соседи, туку и пријатели.

Таа додаде дека имала подолг разговор и со унгарскиот премиер Петер Маѓар, кој изразил поддршка за европската перспектива на Западен Балкан.

Претседателката порача дека „посилна Европа“ значи проширена и обединета Европа, но дека најсилната Европа е онаа што живее во мир и демократија заснована на принципи и вредности.

Related posts

СДСМ во нова внатрешна војна: „Реформаторите“ и раководството во отворен судир

admin

Филипче: Мицкоски и Муцунски ја кријат вистината за ЕУ

admin

Какво ли е ова судство – неправдата станува нормалност, а жртвите невидливи

admin

Министерот Алиу: Предлог-законот за заштита од пушењето е европски и не ги затвора бизнисите

admin

ШТО ПОБАРАА МАКЕДОНСКИТЕ БУГАРИ ОД ВАРХЕЈИ ВО БРИСЕЛ?

ninja

Русија го нападна Киев со речиси 500 дронови и десетици ракети

admin