20.7 C
Скопје
23 јуни, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕГИОН

Полициска акција во северот на Косово, остра реакција на САД и ЕУ

Разочарување од Владата на Косово изразија во понеделникот САД во реакцијата во врска со затворањето на филијалите на Поштата Србија на северот на Косово. 

САД ги нарекоа овие одлуки еднострани и некоординирани.

„Американската влада е длабоко разочарана од едностраните и некоординирани акции на Владата на Косово против подружниците на српската пошта во северно Косово. Некоординираните акции на Косово ги ставаат косовските граѓани и војниците на КФОР во поголем ризик, непотребно ги ескалираат регионалните тензии и го поткопуваат угледот на Косово како доверлив меѓународен партнер“, вели во американската амбасада во Косово.

САД дополнително ја повикаа Владата на Косово да престане со понатамошните „унилатерални“ акции и да се врати на конструктивен ангажман во дијалогот што го олеснува ЕУ за решавање на прашањата поврзани со нормализацијата на односите меѓу Косово и Србија“.

И Европската унија (ЕУ) оваа одлука ја нарече еднострана и некоординирана. Според ЕУ, ваквата акција го нарушува дијалогот меѓу двете земји, кој е со посредство на Европската унија.

„Едностраните и некоординирани акции не можат да дадат решенија за ова и за други прашања кои припаѓаат на процесот на нормализација меѓу Косово и Србија. Затворањето на постоечките служби за косовските Срби, без однапред постигнат договор, негативно ќе се одрази на секојдневниот живот и условите за живот на оваа заедница“, се вели во соопштението на европскиот блок.

ЕУ ја повика Владата на Косово да ја преиспита оваа одлука и да најде решение преку преговори во рамките на дијалогот.

ЕУ потсети дека во рамките на постигнатите договори за телекомуникациите, во 2013 и 2015 година, двете страни се договорија за поштенските услуги да се разговара „во подоцнежна фаза“, и на тој начин, според ЕУ, се разбрало дека ова прашање може да се реши само преку дијалог.

Косовската полиција во понеделникот соопшти дека затворила три експозитури на Поштата на Србија во Северна Митровица, три во Лепосавиќ, две во Звечан и една во Зубин Поток.

Нејзините претставници соопштија дека полициската акција ја започнале откако добиле информација од Регулаторното тело за електронски и поштенски комуникации (АРКЕП) дека на територијата на Косово работат економски оператори без лиценца и кои не се регистрирани во Агенцијата за регистрација на бизниси во Косово (АРБК).

Related posts

Таравари: Нема бидеме во коалиција со ДУИ, време е АзА да оди сама на избори

admin

2024 – Тешка економска година

admin

ТС тврди дека ги има резултатите од најновата анкета на ИРИ – ЕФ далеку пред ВЛЕН

admin

Сиљановска-Давкова од Словенија: Билатералните спорови не смеат да ја блокираат Македонија

admin

ВМРО-ДПМНЕ: СДС избра континуитет, Заев и натаму има влијание

admin

БЕКТЕШИ НЕ ОЧЕКУВА ПОСКАПУВАЊЕ НА СТРУЈАТА ЗА ГРАЃАНИТЕ ВО ПРВ И ВТОР БЛОК

ninja