19.1 C
Скопје
14 јули, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАСВЕТ

Каракас се тресе од експлозии: Венецуела тврди дека САД извршиле воен напад

Владата на Венецуела ги обвини Соединетите Американски Држави дека извеле напади врз цивилни и воени цели, откако серија експлозии ја потресоа престолнината Каракас во раните утрински часови.

Во соопштение, венецуелските власти повикаа на „целосна мобилизација“ на населението и оценија дека Вашингтон со „екстремно сериозен чин на воена агресија“ ја турка Латинска Америка кон нестабилност.

„Целата земја мора да се мобилизира за да ја порази оваа империјалистичка агресија“, се наведува во соопштението.

Американските медиуми објавија дека претседателот Доналд Трамп наредил воздушни напади врз Венецуела. Белата куќа и Пентагон засега не одговорија на барањата за коментар.

Сведоци пријавија дека околу 2 часот по локално време биле слушнати најмалку седум силни експлозии, како и летови на авиони на мала височина над Каракас. Во делови од јужниот дел на градот имало прекин на електричната енергија.

Владата на Венецуела потврди дека покрај Каракас, биле погодени и целите во сојузните држави Миранда, Ла Гваира и Арагва.

„Единствената цел на овој напад е преземање контрола врз стратешките ресурси на Венецуела, особено нафтата и минералите“, соопшти владата, повикувајќи ја меѓународната заедница да го осуди, како што наведе, „флагрантното кршење на меѓународното право“.

Колумбискиот претседател Густаво Петро на социјалната мрежа Икс изјави дека Каракас е под напад. „Во моментов го бомбардираат Каракас… со ракети“, напиша Петро, повикувајќи на итна вонредна седница на Советот за безбедност на Обединетите нации.

Очевидци пријавија дека чад се издигал над две клучни воени локации во главниот град – воениот аеродром Ла Карлота и комплексот Фуерте Тиуна, најголемата воена база во земјата, каде што, според западни аналитичари, често престојува претседателот Николас Мадуро. Напад наводно бил извршен и врз аеродромот Игуероте, источно од Каракас.

Експлозиите следуваат по повеќемесечна кампања на зголемен притисок од страна на САД врз владата на Мадуро. Од август, Вашингтон распореди дополнителни воени сили во Карипскиот регион и спроведе серија воздушни операции насочени кон, како што ги нарекува, бродови поврзани со трговија со дрога.

Администрацијата на Трамп во изминатите месеци воведе проширени санкции, заплени венецуелски танкери со нафта и воспостави блокади со цел дополнително да го ограничи извозот на енергенси, потези што, според аналитичарите, имаат за цел економски и политички притисок врз Каракас.

 

Related posts

Лекари под лупа, итната помош се менува од корен: Алиу со голем план за здравството

admin

Милионскиот профит на банките (инфографик)

admin

РСЕ: Стотици милиони евра оштетен буџет, минимално конфискуван имот

admin

Белата куќа: Трамп против формалното признавање на Палестина од страна на сојузниците

admin

ХЕРСОН ПОВТОРНО ПОД УКРАИНСКА КОНТРОЛА

ninja

Владата најави електронски попис во 2026, опозицијата предупредува на ризик од манипулации

admin