11.8 C
Скопје
5 ноември, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИРЕПУБЛИКА

Ахмети со порака за Илинден: Иднината не се гради со исклучување, туку со партнерство

Демократската унија за интеграција (ДУИ) им го честиташе на граѓаните 2 Август – Илинден, оценувајќи дека празникот ги поставил темелите на Северна Македонија како мултиетничка држава во која различните заедници живеат и работат заедно, со еднакви права и одговорности.

„Тоа е духот на Илинден – слобода, соживот, еднаквост и меѓусебна почит. Тоа е и идеалот што треба да ја води Северна Македонија кон европска, сигурна и заедничка иднина за сите нејзини граѓани“, соопшти ДУИ.

Лидерот на партијата Али Ахмети во честитката оцени дека Илинден потсетува дека слободата не се гради врз доминација, туку врз еднаквост, почит и соживот, додавајќи дека „духот на Крушево бил повик за држава во која Албанците, Македонците и сите заедници ќе ја делат одговорноста и заедничката судбина“.

Ахмети оцени дека, повеќе од еден век подоцна, државата се оддалечува од тие принципи.

„Наместо партнерство, повторно се враќа логиката на доминацијата, а наместо инклузивност, се продлабочува исклучувањето“, наведува тој, тврдејќи дека Албанците се маргинализираат во институциите, администрацијата, дипломатијата, безбедносниот сектор, правосудството, образованието, културата, здравството, економијата и процесите на одлучување.

Според Ахмети, Охридскиот мировен договор, кој го опишува како современо продолжение на духот на Крушевскиот манифест, е изложен на обиди за негово поткопување преку, како што наведува, напади врз службената употреба на албанскиот јазик, укинување на механизмите за правична застапеност и заштита од мајоризација, селективна правда и промовирање на моноетнички концепт на државата.

Тој исто така ги критикува дел од албанските политички претставници, оценувајќи дека наместо да ги застапуваат интересите на Албанците, избрале да ја поддржат власта.

Ахмети нагласува дека определбата на Албанците останува непроменета – заедничка, унитарна, демократска и европска Северна Македонија, интегрирана во НАТО и Европската Унија.

„Иднината не се гради со поделби, страв или исклучување. Таа се гради врз еднаквоста, меѓусебната почит и искреното партнерство“, се наведува во пораката по повод Денот на Републиката.

Related posts

Меџити: Писмата на Ахмети – празни муабети

admin

Гласање по пошта или изборен грабеж? Нов судир меѓу власта и опозицијата

admin

ЗАПАДЕН БАЛКАН ДОБРО СОРАБОТУВА НА ХАРТИЈА

ninja

Американски предлог за прекин на огнот во Газа предвидува 60-дневно примирје и размена на затвореници

admin

„Нула денари“, но преку Државна лотарија: Кој всушност ги платил Гета, Карерас и прославите?

admin

Николоски: Дивоградби кај Прилеп ја попречуваат изградбата на автопатот Прилеп–Битола

admin