18.8 C
Скопје
12 октомври, 2026
Inbox7.mk
КУЛТУРАНАУКА

20 години Универзитет Скопје: Нови дипломци, магистри и меѓународни признанија

Универзитет Скопје одбележа 20 години од основањето со свечена академија во Македонската опера и балет, на која беа промовирани нова генерација дипломци и магистри и доделени академски признанија на личности и организации за придонес во науката, образованието и меѓународната соработка.

На настанот присуствуваа професори, научници, ректори и претставници на универзитети, дипломатски претставници, членови на државните институции и деловната заедница, како и долгогодишни соработници на Универзитетот.

Ректорот, проф. д-р Аце Миленковски, рече дека две децении постоење значат континуирана инвестиција во знаењето, младите и академскиот развој.

„Нашата најголема вредност не се само постигнатите резултати, туку генерациите студенти кои преку образованието ги градат своите професионални патишта и придонесуваат за развојот на општеството“, рече Миленковски.

Промовирани 18. генерација дипломци и 16. генерација магистри

Во рамките на свеченоста беа промовирани 18. генерација дипломци и 16. генерација магистри.

Студентите положија свечена академска заклетва, а најуспешните меѓу нив добија признанија за постигнатите резултати.

Миленковски упати и посебна благодарност до родителите на студентите, нагласувајќи ја нивната улога во образованието и професионалниот развој на младите.

Почесната титула Doctor Honoris Causa му беше доделена на проф. д-р Горан Бандов.

Во своето обраќање, Бандов ја истакна важноста на меѓусебното разбирање и блискоста во градењето академски и меѓународни партнерства.

„Ние се разбираме и кога молчиме, затоа што се разбираме со срце“, рече Бандов.

Златни плакети за пет добитници

Универзитетот додели златни плакети на Светската академија за уметност и наука, проф. д-р Орхан Хикмет Азизоглу, Јоланда Пердомо, проф. д-р Александар Зиданшек и поранешниот хрватски претседател проф. д-р Иво Јосиповиќ.

Признанијата беа доделени за нивниот придонес во унапредувањето на науката, образованието и меѓународната академска соработка.

Свеченоста беше завршена со уметничката изведба „Simply the Best“, во кореографија на Олга Панго.

Универзитет Скопје порача дека јубилејот го гледа како поттик за натамошно развивање на високото образование, продлабочување на меѓународните партнерства и создавање нови можности за студентите и академската заедница.

 

Related posts

Милан Ковач си заминува од Тесла – ја напушта програмата што Маск ја нарече вредна 25 трилиони долари!

admin

Десет книги што богатите ги читаат за да станат уште побогати

admin

Ново правило на ЕУ: УСБ-Ц е сега закон!

admin

Вуди Харелсон, Диего Луна и младите од Балканот: Сараево станува центар на филмскиот свет

admin

Микроквалификациите и дуалното образование го менуваат концептот за универзитетот

admin

Зошто пред земјотресите се појавува чуден светлосен феномен?

admin