27.8 C
Скопје
30 септември, 2023
Inbox7.mk
ВЕСТИ

Бројот на бегалци од Украина достигна 368.000, објавија ОН

Бројот на бегалци од Украина кои преминале во Полска, Унгарија, Романија, Молдавија и други земји ескалира и сега изнесува 368.000, објави на Твитер високиот комесар на ОН за бегалци Филипо Гранди.

„Владите и народот на тие земји ги пречекуваат бегалците. Сега е итно да се сподели оваа одговорност на конкретни начини“, напиша Гранди.

Полска, заедно со Молдавија, Романија, Словачка и Унгарија ги олабави граничните контроли за ковид-19, за да им овозможи на Украинците кои бегаат од руското насилство.

Полската влада прогласи отворени граници и рече дека нема да бара официјални документи.

„Ќе им помогнеме на сите. Нема да оставиме никого без помош“, соопшти полската гранична агенција.

Бегалците се првенствено жени, деца и постари лица, бидејќи украинскиот претседател Володимир Зеленски на почетокот на оваа недела им забрани на мажите на воена возраст да ја напуштат земјата.

Во САД, администрацијата на Бајден побара од Конгресот да обезбеди 6,4 милијарди долари за Украина, од кои дел ќе бидат наменети за хуманитарна помош.

Американскиот сенатор Крис Кунс, изјави за новинарите во петокот дека поддржува итни трошоци од најмалку 10 милијарди долари за поддршка на украинската војска и бегалците.

Некои од информациите во овој текст се преземени од Асошиетед прес и Ројтерс

Related posts

Неверојатно: Авион на Wizz Air полн со патници слета на непозната локација

admin

Москва е нападната, итна евакуација на населението

admin

Мицковски се сретна со Гир

admin

НА БАЛКАНОТ, ЗАГАДУВАЊЕТО ГИ ЗАТНУВА РЕКИТЕ КОИ НЕКОГАШ БИЛЕ НЕДОПРЕНИ

ninja

ПОВЕЌЕ РАБОТА, А ПОМАЛКУ ЖАЛЕЊЕ, ПОРАЧА ШЕКЕРИНСКА ПРЕД УТРЕШНИОТ САМИТ ЕУ-ЗАПАДЕН БАЛКАН ВО ТИРАНА

ninja

Саразин: Не го „мачев“ Мицковски, уставните измени да се изгласат час поскоро

admin