16.8 C
Скопје
6 мај, 2024
Inbox7.mk
ВЕСТИ

ГРУБИ СЕ СРЕТНА СО НОВИОТ ЧЕШКИ АМБАСАДОР: РУСКАТА АГРЕСИЈА ВРЗ УКРАИНА Е ОПАСНОСТ ЗА ЦЕЛА ЕВРОПА

Првиот потпретседател на Владата на Република Северна Македонија и министер за Политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби, денес оствари средба со гЈарослав Лудва, новоименуваниот амбасадор на Чешката Република во нашата држава, пренесува КДП.

Оценето е дека Северна Македонија има геостратешко значење и дека Европа е безбедна со интеграција на нашата држава и на целиот регион во ЕУ.

“На состанокот е пренесено дека Чешката Република го поддржува европскиот пат на Република Северна Македонија и дека нашата држава ќе ја има и понатаму поддршката, посебно што Чешката Република ќе претседава со Советот на ЕУ од 1 јули оваа година”, информира кабинетот на Груби.

“Заедно со амбасадорот Лудва разговаравме и за Руската агресија врз територијата на Украина, и заедно го осудивме овој чекор на Москва како една закана не само за тој регион, туку и целата Европа.”

Меѓу другото Груби на Лудва му кажа дека му е драго дека Чешката Република е партнер на нашата земја и значаен поддржувач на европските перспективи, како стратешка цел на земјава.

Првиот потпретседател на владата, Груби и чешкиот амбасадор, Лудва за време на оваа средба дискутираа и за спорот со Република Бугарија.

“Груби му пренесе на амбасадорот дека Република Северна Македонија ќе работи низ една чесна комуникација во дијалогот со Република Бугарија и дека трудот во овие разговори веќе е препознаена и од државите на Европската Унија”, се вели во соопштението.

Груби исто така му порача на Лудва дека владата е ангажирана максимално да работи по принципот на почитување на другиот, на сочувување на достоинството на граѓаните на двете држави и во духот на европските перспективи.

На средбата, заеднички е констатирано дека постојат можности за унапредување на добрата соработка меѓу двете земји во повеќе области, како што се економијата, одбраната, енергетиката итн.

Related posts

Уставните измени ќе ја кројат владината коалиција

admin

АКО ВО СОСЕДСТВОТО ВРИЕ, СЕ СЛЕДИ ИЛИ СЕ СПИЕ?

ninja

ПРВА ПРЕСУДА ВО ХАГ ЗА ЕДЕН ОД КОМАНДАНТИТЕ НА ОВК

ninja

Познато име се поврзува со убиството на Вања, тој е надвор од државата

admin

Еден ден по средбата на Блинкен, Бајден го нарекува Кси Џипин диктатор

admin

“Огнените” на ДУИ велат дека добиле закани, Ганиу: Животот ни е во опасност

admin