25.8 C
Скопје
6 мај, 2024
Inbox7.mk
ВЕСТИ

ПРОЦЕСОТ НА ПРОШИРУВАЊЕ НА ЕУ ДОБИВА НОВ ЗАМАВ

ЕУ повикува на забрзување на преговорите со земјите од Западен Балкан, а за возврат очекува целосна солидарност од нив и бара целосно да се усогласат со нејзината надворешна политика.

Лидерите на ЕУ и земјите од Западен Балкан на Самитот во Тирана ги потврдија своите напори за зајакнување на партнерството, во услови кога руската агресија во Украина се заканува да ја преобликува геополитичката рамнотежа во регионот. Иако пред Северна Македонија, Албанија, Босна, Косово, Црна Гора и Србија стојат уште многу чекори и услови на патот кон Унијата, на земјите им беше испратен конкретен сигнал дека нивната иднина е во ЕУ,место досегашните ветувања за евентуално членство.

ЕУ ја повтори „својата целосна и недвосмислена посветеност на перспективата за членство на Западен Балкан во Европската Унија“ и повикуваат на забрзување на пристапните преговори со земјите. За возврат, ЕУ очекува целосна солидарност од  партнерите од Западен Балкан и сака тие целосно да се усогласат со нејзината надворешна политика.

Самит во Тирана
Лидерите на ЕУ и земјите од Западен Балкан на Самитот во Тирана ги потврдија своите напори за зајакнување на партнерствотоФотографија: Andreea Alexandru/AP/picture alliance

Процесот добива замав 

„Западен Балкан одлучи да тргне по европскиот пат. ова е двонасочна улица“, рече високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел. „Очекуваме регионот да ги спроведе клучните реформи и секако да покаже волја да ги прифати амбициите и духот на ЕУ. Многумина го прават тоа, но ние гледаме исто така и двоумење“, додаде тој.

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен оцени дека процесот на проширување на Унијата повторно доби замав и дека Унијата сега многу поинтензивно соработува со Западен Балкан. Но, во истовреме алармираше и за изголеменото влијание на Кина на Западен Балкан.

„Многу јасно забележуваме дека војната во Украина не е само сурова војна на Русија против Украина, туку и прашање дали автократии и законот на најсилните ќе надвладее. Или дали демократијата и владеењето на правото ќе надвладеат“, рече Фон дер Лајен. „И ова борбата е забележлива и на Западен Балкан. Русија се обидува да изврши влијание и Кина се обидува да изврши влијание“.

Урсула фон дер Лајен Еди Рама
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен оцени дека процесот на проширување на Унијата повторно доби замавФотографија: Olsi Shehu/AA/picture alliance

Претседателот на Советот на Европа, Шарл Мишел и еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји, испратија пораки за меѓусебно партнерство меѓу Европската Унија и Западен Балкан, а со тоа и побезбедна иднина за земјите од регионот. Вархеји изјави дека партнерството што го нуди ЕУ е причината што овој самит за првпат се одржува на Западен Балкан, додека Мишел порача дека денешниот ден е историски не само за Тирана, туку и за односот на ЕУ со Западен Балкан.

„Ова ќе биде важен, симболичен состанок. Ова е првпат да се одржува овде, во земја која не е членка. Убеден сум дека иднината на нашите деца ќе биде побезбедна со нашите напори. Иднината на Европа, тоа е иднината на нашите деца, ќе биде побезбедна со Западен Балкан. Приближувањето до регионот е важно за нас“, рече Мишел.

Самит во Тирана
Ова е првиот Самит на ЕУ што се организира во регионот на Западен Балкан и тоа во Албанија, што ја зголемува неговата важност и значење.Фотографија: Michael Kappeler/dpa/picture alliance

Договор за роамингот

На Самитот за Западен Балкан – ЕУ во Тирана, телекомуникациските оператори од земјите од ЕУ и Западен Балкан потпишаа договор со кој ќе се овозможи намалување на цените за роаминг меѓу ЕУ и регионот. Со договорот, Северна Македонија, Албанија, Србија, Црна Гора, Косово и БиХ од идната година ќе имаат пониски тарифи во роаминг со земјите од ЕУ, а тарифите блиски до националните нивоа на цени се планира да се постигнат до 2027 година.

„Денешниот договор за пониски цени во роаминг потпишан меѓу земјите од Западен Балкан и земјите од ЕУ, е уште една силна потврда дека ЕУ не е целосна без регионот, потврда за нашата европска иднина. Со овој договор од денес ќе сме по поврзани со земјите од ЕУ, тие ќе ни се подостапни, што е практична и економска придобивка и за граѓаните и за бизнисот“, оцени премиерот Димитар Ковачевски.

Тој учествуваше на првата панел дискусија на Самитот Западен Балкан -Европска Унија во Тирана. Оваа панел сесија беше посветена на енергетската криза и пакетот за енергетска поддршка со кој треба да се обезбеди енергетска стабилност на Западен Балкан, но и воопшто на целиот европски континент. На сесијата од страна на сите учесници во дискусијата беше потенцирано дека енергетската стабилност на Западен Балкан е подеднакво важна како и енергетската стабилност на ЕУ. Лидерите истакнаа дека сите заедно работат на надминување на предизвиците од енергетската криза и дека ЕУ ќе биде заедно со земјите од Западен Балкан при решавање на сите проблеми поврзани со енергетската криза.

„ЕУ е нашата единствена алтернатива, заедно со ЕУ ќе ја пребродиме економско-енергетската криза“, дециден е премиерот.

Пред почетокот на панел дискусиите на Самитот за Западен Балкан –ЕУ, Ковачевски имаше средба со високиот претставник на ЕУ за надворешна и безбедносна политика Жозеп Борел, со кој разговараа за актуелните случувања во Европа, кризата со енергијата, војната во Украина. Со претседателот на Франција, Емануел Макрон и канцеларот на Германија Олаф Шолц, македонскиот премиер сподели дека разговарале за европската иднина на Северна Македонија.

Ова е првиот Самит на ЕУ што се организира во регионот на Западен Балкан и тоа во Албанија, што ја зголемува неговата важност и значење./DW

Related posts

Мицкоски по средбата со Ескобар: Само брзи предвремени избори

admin

Мицкоски: Политички лешинари и платеници на власта ме напаѓаат, СДСМ и ДУИ нека кажат која опција е прифатлива за нив

admin

Анализираат и стручни и нестручни лица! Колку долго ќе трае реконструкцијата на мостот „Беласица“?

admin

ШТО ПОБАРАА МАКЕДОНСКИТЕ БУГАРИ ОД ВАРХЕЈИ ВО БРИСЕЛ?

ninja

Лидерите повикуваат да се избегне ескалација по иранскиот напад врз Израел

admin

Ќе има ново покачување на платите на функсионерите?

admin