29.5 C
Скопје
13 јули, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

ЕУ бара итни реформи на Судскиот совет

Како одговор на низата скандали и проблеми кои го потресоа Судскиот совет изминатиов период, ЕУ ja оцени неговата работа и даде низа мерки кои треба да бидат спроведени за да се зголеми независноста, одговорноста и ефикасноста на ова тело,  јави РСЕ. Без имплементација на овие мерки, ЕУ не гледа како земјата ќе ги спроведе потребните реформи во правосудството.

Европската унија (ЕУ) очекува итно да бидат спроведени 40 мерки во Судскиот совет и тие да бидат приоритет на сегашната, но и на секоја идна влада и на сите правосудни институции во Северна Македонија.

По низата скандали кои го потресоа Судскиот совет, ова тело беше под лупа на Европската Унија (ЕУ), која во септември ја започна Оценската мисија на неговото работење, а денеска евроамбасадорот Дејвид Гир ги презентораше заклучоците.

Во Извештајот е наведено дека ЕУ препорачува спроведување на сите 40-те мерки, за кои Гир наведе дека дел се краткорочни, а дел среднорочни и долгорочни. За спроведување на 23 од нив, потребни уставни и законски измени, додека 17 може да ги спроведе самиот Судски совет.

Мерките вклучуваат структурни реформи во Судскиот совет, промена на мандатот на членовите, измени на процесот на селекција на членовите, унапредување на практиките за транспарентност, зголемување на финансиската независност на телото и вклучување на цивилното општество во изборот на членовите во мониторингот на неговата работа.

Проблемите во Судскиот совет не се од вчера, тие се акумулирани подолго време и не се навремено и соодветно адресирани на систематски начин, рече Гир, додавајќи дека сето ова довело до моменталните предизвици со кои се соочува функционирањето на телотo, вклучително неспроведувањето на законите и недостатокот на добри практики, што „влијае врз целокупната работа на правосудството“, рече Гир.

„Потребна е итна акција да се адресираат овие проблеми, бидејќи правосудството се наоѓа во критична точка“, рече Евроамбасадорот.

Related posts

Мицкоски ги соопшти имињата на министрите

admin

Часовниците на премиерот Мицкоски повторно го отворија прашањето за неговиот имот

admin

Иран нападна пет земји од Заливот и повторно го затвори Ормускиот Теснец

admin

Макрон со авијатичарски очила во Давос стана вирален

admin

„Левица“ поднесе кривична пријава против премиерот за трагедијата во Кочани

admin

Фон дер Лајен: Путин е „предатор“, потребно е силно одвраќање

admin