24.8 C
Скопје
15 октомври, 2024
Inbox7.mk
ВЕСТИ

Путин им нареди на руските сили за нуклеарно одвраќање да бидат во состојба на подготвеност

Рускиот претседател Владимир Путин им нареди на руските сили за нуклеарно одвраќање да бидат во состојба на подготвеност поради тензиите со Западот околу Украина.

Путин денес рече дека членките на НАТО даваат „агресивни изјави“.

Кабинетот на претседателот на Украина Володимир Зеленски денес соопшти дека „се договоривме украинската делегација да се сретне со руската делегација без претходни услови на украинско-белоруската граница, во реонот на реката Припјат“.

Украина, исто така, поднесе тужба против Русија до Меѓународниот суд за правда во Хаг.

„Русија мора да сноси одговорност за манипулирање со поимот геноцид за да ја оправда агресијата. Бараме итна одлука со која и се наредува на Русија да престане со воената активност сега и очекуваме судењата да започнат следната недела“, напиша Зеленски на неговиот Твитер профил.

Руските трупи и денес продолжија да се борат со украинските одбранбени сили и војници за контрола на Киев и други градови, четврти ден од руската инвазија на Украина.

Денес руските војници влегоа во Харков, вториот по големина град во Украина, каде наидоа на силен отпор.

Главниот обвинител на Украина Ирина Венедиктова, рече дека руските сили не успеале да го заземат Харков, на околу 40 километри од руската граница.

Таа рече дека во тек е жестока битка, според Асошиетед прес. Раноутринава, канцеларијата на украинскиот претседател извести за експлозија во Харков и соопшти дека руските сили разнеле гасовод.

Експлозијата би можела да предизвика „еколошка катастрофа“, се вели во изјавата, и ги повика жителите да ги покријат прозорците со влажна крпа или газа и да пијат многу течности.

Има извештаи и за гранатирање во источниот украински град Доњецк, кој од 2014 година го држат сепаратистите поддржани од Русија.

Дел од информациите во текстот се преземени од Асошиетед прес и Ројтерс

Related posts

ВЕТИНГ ТРЕБА, АМА КОЈ ДА ГО НАПРАВИ?

ninja

Жељазков: Бугарите да бидат државотворен народ во РСМ

admin

Ројтерс: Локалните жители стравуваат од катастрофа поради повлекувањето на Преспанското Езеро

admin

„РЕФОРМИ“: Власта со една рака затвора институции, со двете отвора нови

admin

Продолжува руското гранатирање врз украинските градови, најавени нови планови за хуманитарни коридори

ninja

НÈ НАПРАВИВТЕ ГОРДИ СО ПОЖРТВУВАНОСТА

ninja