14.8 C
Скопје
13 октомври, 2024
Inbox7.mk
ВЕСТИ

Конгресот вети дополнителна помош за Украина по разговорот со Зеленски

Американските законодавци ветија дека ќе обезбедат дополнителна воена помош за Киев, по разговорот со украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Администрацијата на претседателот Џо Бајден побара 10 милијарди долари хуманитарна, воена и економска поддршка за Украина.

„Конгресот има намера да го донесе ова итно финансирање оваа недела како дел од нашата легислатива за владино финансирање“, рече претседателката на Претставничкиот дом Ненси Пелоси во писмото вчеравечер до колегите демократи.

И покрај генерално двопартиската и силна поддршка за Киев, членовите на Конгресот не го прифаќаат украинското барање за забранета зона на летање за да се одвратат руските воздушни напади.

Тоа би значело „Трета светска војна“, рече републиканскиот сенатор Марко Рубио од Флорида за Еј-Би-Си вчера, додавајќи: „Мислам дека има многу работи што можеме да направиме за да ѝ помогнеме на Украина да се заштити. Но мислам дека луѓето треба да разберат што значи зона на забранети летови“.

Сенаторот Крис Марфи, демократ од Конектикат, коментираше за „Фокс њуз“.

„Да бев претседателт Зеленски, ќе барав зона за забранети летови. Проблемот е што не постои такво нешто како зона на забранети летови над Украина“.

Американскиот претседател Џо Бајден е во редовен контакт со неговиот украински колега Зеленски за барањето на Украина за повеќе борбени авиони, изјави државниот секретар Ентони Блинкен.

 

Зеленски рече дека Русија планира да го бомбардира пристанишниот град Одеса. Тој вчера рече дека ако тоа се случи, „ќе биде воено злосторство, историско злосторство“.

Зеленски ги повика Русите да изберат помеѓу живот и ропство во „времето кога е сè уште можно да се победи злото без непоправливи загуби“.

Рускиот претседател Владимир Путин вчера изјави дека неговата воена кампања во Украина се одвива според планираното и оти нема да заврши додека Украинците не престанат да се борат.

Во телефонскиот разговор со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, кој апелираше за прекин на огнот, Путин изрази подготвеност за дијалог со Украина и странските партнери, се вели меѓудругото во соопштението на Кремљ.

Третата рунда преговори меѓу Киев и Москва треба да се одржи денес.

Дел од информациите во текстот се преземени од Асошиетед прес, Франс-прес и Ројтерс

Related posts

Што се случува со оние на црната американска листа?

admin

„Најди ме“ како засилување на институциите – Како функционира првата страница за рано предупредување за исчезнати?

admin

Има ли случаи на сексуални малтретирања во Армијата на Северна Македонија?

admin

Голема истрага на ФБИ – на градоначалникот на Њујорк на улица му се одземени телефони

admin

УПОТРЕБАТА НА НОВАТА ТЕКНОЛОГИЈА ЗА ПРЕВЕНЦИЈА И ЗАШТИТА ОД ПОЖАРИ

ninja

АзА: Мицкоски го рехабилитира и амнестира криминалот

admin