5 мај, 2024
Inbox7.mk
ВЕСТИ

Намалени акцизи, укинат данок и субвенции – Владата со пакет мерки за справување со кризата

Владата донесе пакет од 26 мерки тешки 400 милиони евра за справување со кризата и ублажување на ценовниот шок. Се укинува ДДВ-то за лебоот, шеќерот, брашното, зејтинот, млеко, свежото месо, оризот и јајца, но се одмрзнува маржата за овошјето и зеленчукот. Се намалуваат акцизите за горива. За социјално загрозените и за пензионери ваучери од по 1.000 денари во наредните три месеци. Опозициската ВМРО – ДПМНЕ смета дека мерките доцнат и дополнително ја комплицираат состојбата. Мерките ќе стапат на сила откако ќе бидат изгласани во Собранието

СКОПЈЕ – Владата усвои пакет од 26 мерки и препораки тешки 400 милиони евра со цел да се справи со економската криза и ценовниот шок кој делумно се должи на новонастанатата ситуација и војната во Украина. Ќе се намали цената на горивото, се укинува данокот од 5 отсто за голем дел од основните прехрамбени продукти, данокот на струјата и топлинската енергија нема да се зголеми, се укинува царината за увоз на дел од прехрарамбените продукти кои се користат како стокови резерви а за 35 илјади социјално загрозени и за пензионерите ќе се издаваат ваучери во наредните три месеци.

„На глобално ниво растот на трошоците на храна и енергенсите како резултат на воената агресија на Русија врз Украина го чувствуваме и ние денес и сега. Дисбалансот на цените на основите прехранбени продукти и енергенсите нѐ засега и нас. Ова ќе биде тешка година, но со добри политики и мерки, ќе ја премостиме“, рече премиерот Димитар Ковачевски.

По состанокот на Економскиот совет во понеделникот Владата на денешната седница го усвои пакетот мерки кој е поделен во две категории – мерки и препораки за заштита на животниот стандард на граѓаните и одржување на ликвидноста на компаниите и мерки за Финансиска поддршка на компаниите преку Развојната банка.

Пакетот мерки предвидува укинување на данокот од 5 отсто на основните прехранбени продукти – леб, брашно тип 400, млеко, месо, зејтин, шеќер, ориз и јајц. Замрзнатите маржи на осонвите продукти за исхрана остануваат освен за овошјето и зелечукот каде се одмрзнуваат и тргоците и производителите ќе може да ги покачат или намалат цените.

Акцизата за горива ќе се намалува скалесто и ќе зависи од цената на нафтата на светските берзи, а цената ќе се одредува на дневно ниво намесно на неделно.

„Мерката ќе има директно влијание врз цената. Би се примениле акцизи намалени за 2 денари, дизелот наместо 85, 5 денари би се намалил за 10,5 денари и би изнесувал 75 денари. Бензин наместо 91,5 денари би се намалил околу 11,5 денари и би изнесувал 80 денари“, објасни Ковачевски.

Со пакетот мерки се предвидуваат ваучери во износ од 1.000 денари кои ќе се даваат на 35 илјади граѓани од категоријата на социјално загрозени и за пензионерите кои ќе се издаваат во наредните три месеци а ќе бидат наменети за купување на како што кажа премиерот основни производи. Прецизно за кои немаше одговор.

Владата одлучи и да ја укине царината за увоз на основните продукти без ралика на државата од која се увезуваат.

Опозициската ВМРО – ДПМНЕ побара веднаш да се прифата мерките кои тие ги предложија и го обвинија премиерот Ковачевски дека предложил комплициран модел кој не гарантира намалување на цената на горивата.

„ Наместо да го прифати предлогот за намалување на акцизата кај нафтените деривати, како што предлага ВМРО-ДПМНЕ, со што цената на бензинот од утре би се намалила за 13 денари, а на дизелот за девет денари, премиерот Ковачевски денес предложи комплициран модел за намалување на акцизата кој не само што не го разбра јавноста, туку и не гарантира дека ќе придонесе за намалување на малопродажната цена на горивата“, изјави Трајко Слевавески, член на Извршниот Комитет на ВМРО ДПМНЕ.

Од партијата предупредија дека е можен двоцифрен раст на инфлацијата кој делумно се должи на домашни фактори.

Според опозицијата потребно е зголемување на платите во државната и јавната администрација и покачување на пензиите како и ребаланс на Буџетот а Народната Банка мора да превземе соодветни мерки за спречување на растечката инфлација.

Ребаланс на Буџетот е пракса да има во текот на годината особено кога станува збор за криза а од Владата очекуваат резултатите од мерките тешки 400 милиони евра да донесат приходи од половина милијарда во Буџетот.

„90 милиони евра се директни се откажување од приходи а 310 милиони се директни фискални расходи од Буџетот. Во самиот сет мерки има краткорочни и среднорочни кои ќе ја подобрат економијата и стопанството и ќе се мобилизира капитал од приватните банки, па очекуваните приходи од овие мерки се 500 милиони евра што е повеќе од тежината на самиот пакет. Од апсект на ликвидноста Буџетот апсолутнбо нема никакви проблеми во испорачување на плат, пензии, здравствено осигурување и сите други тековни обврски “, изјави Фатмир Бесими министер за финансии.

Бесими соопшти дека во Буџетот има доволна ликвидност и резерви пренесени од минатата година и затоа нема а има потрееба од објавување на нови еврообврзници.

Пакетот мерки ќе оди во Собрание пред пратениците и доколку нема застој или блокада ќе се донесе во најбрз можен рок но за таа цел ќе мора да се направат измени во два закони – Законот за акцизи и Законот за даноци.

Related posts

Рама: ЕУ да ја казни Србија

admin

БОРБАТА ПРОТИВ КОРУПЦИЈАТА ПОТКОПАНА ОД НЕЕФИКАСНОТО ПРАВОСУДСТВО

ninja

Радев ги почна консултациите за мандатар за нова влада во Бугарија

ninja

Учебната година пред крај, дел од учебниците уште ги нема

admin

ЕУ усвои значаен документ – се подготвува за проширување

admin

Даути на средба со Пендаровски: Заедно да поттикнеме економски развој

admin