17.8 C
Скопје
15 септември, 2024
Inbox7.mk
НАСЛОВНА

КОСТАДИНОВСКА-СТОЈЧЕВСКА НАЈАВУВА “ОТВОРЕН БАЛКАН” И ЗА КУЛТУРАТА

Министри за култура, претставници од агенции задолжени за филм, младински културни центри, големи државни и приватни музички фестивали, музеи, филхармонија, опера и балет како и театри ќе учествуваат на „Отворен Балкан“, кој ќе се одржи на 7-ми и 8-ми јуни 2022 година, во Охрид, Северна Македонија, пренесува КСП.

Оваа иницијатива е во организација на шефовите на владите на Албанија, Еди Рама, на Северна Македонија, Димитар Ковачевски и на Србија, Александар Вучиќ.

“Отворен Балкан е регионална иницијатива која има за цел да ја олесни трговијата и да го поттикне економскиот развој низ целиот регион. Оваа иницијатива ја нагласува важноста на регионалните врски и слободното движење на луѓе, капитал, стоки и услуги. Сепак во духот на продлабочувањето на оваа иницијатива е создавање на упориште на пријателство и соработка на полето на културата како значаен дел од секоја од овие земји, а истовремено да се поддржи и промовира туристичкиот сектор”, рече министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска.

Таа порача дека Отворен Балкан, исто така, се стреми да ја забрза европската интеграција на земјите од Западен Балкан и да придонесе секоја земја да стане членка на Европската Унија во разумен рок.

“Според мене овој настан заслужува достојно внимание бидејќи за првпат ќе имаме можност трите држави да споделиме искуства на полето на културата во сите сегменти, со цел да се надминат разликите, но и да се овозможи промиоција на нашите културни добра, претстави, музеи, а на тој начин ќе придонесеме и до значаен развој на туризмот”, додаде таа.

Државите од „Отворен Балкан” работат и на основање заеднички филмски фонд на кој ќе аплицираат копродукции иницирани од трите земји.

Трите влади се обврзаа и дека ќе се интензивираат контактите, познанствата, размените и заедничките иницијативи меѓу младите од нашите држави преку организација на настани. Од заеднички летувања, преку спортски турнири и културни настани до научно-истражувачки хабови.

На самитот во Охрид ќе бидат потпишани значајни договори и меморандуми за соработка во културата, туризмот и економијата и затоа ќе бидат присутни министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска, министерот за економија Крешник Бектеши и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски.

Иницијативата Отворен Балкан останува отворена за Црна Гора, Косово и Босна и Херцеговина.

 

Related posts

Судирот меѓу Израел и Хамас го зголеми ризикот по безбедноста во Македонија

admin

Џафери кажува колку ќе трае собраниската седница за уставните измени

admin

Мицкоски: Набљудуваме неколку криминални групи

admin

Внимавајте со лажните наградни игри на социјалните мрежи: Со еден клик станувате мета на фишинг напади

admin

Македонска шлаканица за американската „црна листа“

admin

Истражување на „Фокус“: СДСМ пред ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ прва кај Албанците

admin