4.8 C
Скопје
21 февруари, 2024
Inbox7.mk
ВЕСТИ

Влезот на Бугарите во Уставот отвора нови партиски апетити

Прегрупирања, условувања и калкулации се во игра во пресрет на усвојувањето на уставните измени во парламентот. Алијанса за Албанците најавува пакет услови кои бара да им бидат исполнети пред да гласаат.

Партиите започнаа со прегрупирања, условувања и калкулации во пресрет на усвојувањето на уставните измени во парламентот, кои наскоро треба да се најдат на собраниската агенда. Владејачкото мнозинство и подаде раката на опозицијата и ја повика да седнат на заедничка маса и да ја усогласат европската агенда, со цел да нема блокади на патот кон ЕУ, и најави дека интензивно ќе разговараат и со другите партии. Но, дилемите дали власта има или не мнозинство за да ги избоксува уставните измени во парламентот, кои се основен услов за да продолжат преговорите со Унијата, го отворија патот за нови прегрупирања, особено во албанскиот политички блок, а некои од партиите веќе и отворено ги ставија на маса условите во замена за глас.

Консултации за поддршка 

Координаторот на пратеничката група на ДУИ во Собранието, Арбер Адеми денеска изјави дека продолжуваат консултациите за обезбедување потребен број гласови за успешно усвојување на уставните измени продолжуваат со сите пратеници и со сите политички партии. Адеми вели дека се што е постигнато досега, почнувајќи од формулациите кои произлегуваат од Охридскиот рамковен договор, се постигнати со консензус и со консултации со нашите меѓународни партнери, земајќи ги предвид најдобрите меѓународни практики.

„Нашата цел е дека местото на нашата земја е во Европската Унија“, рече Адеми потсетувајќи дека претседателот на ДУИ, Али Ахмети неодамна имаше средба со лидерот на ДПА, Мендух Тачи во однос на оваа тема. Како што информираа тогаш од Демократската партија на Албанците, Тачи го информира Ахмети за последната резолуција на 8. конгрес на ДПА, која се однесува на промена на членот од Уставот на РСМ каде што математичката формулација 20 проценти во однос на Албанците треба да се замени со соодветна формулација како (албански народ, албански јазик).

Укинување на 20. проценти за официјалната употреба на албанскиот јазик во Северна Македонија неодамна побара и лидерот на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари, кој смета дека тоа треба да се направи кога ќе се вметнуваат Бугарите во Уставот, што е услов наметнат со усвојувањето на т.н. француски предлог за отпочнување на преговори на земјава со ЕУ.

Арбен Таравари
Алијанса за Албанците има пакет од пет барања доколку во Собранието се почне дебата за менување на Уставот.Фотографија: DW/P. Stojanovski

Услови на маса 

Таравари денеска на прес-конференција го повтори ставот дека Алијанса за Албанците има пакет од пет барања доколку во Собранието се почне дебата за менување на Уставот. „Овој пакет на мерки кои што ќе го дадеме, ќе се презентира пред најзначајните амбасади во Скопје. Потоа ќе се презентира пред медиумите и се надевам пред пошироката јавност, но и пред другите политички партии. Нашиот предлог ќе биде нешто што не може да се одбие“, вели тој. Едно од барања е во Уставот да се избрише одредбата 20% од населението кое зборува јазик различен од официјалниот јазик и наместо тоа да се стави албанскиот јазик.

„Да биде барем во Југославија како што беше, албанскиот и македонскиот јазик тука беа јазици кои официјално се користеа. Јас се надевам дека има подготвеност од сите македонски политички партии, тоа да се прифати, тоа да го помине и потоа да поминеме на други побитни теми“, истакна Таравари.

Во однос на шпекулациите дека со нивна помош би можело да се обезбеди стабилно мнозинство, тој вели дека засега нема таква понуда, а и да има ќе се одлучува преку партиските тела. „За тоа дека ќе бидеме дел од мнозинство мислам дека повеќе е спин од ДУИ. Таму има интересни настани, поделени се во 3-4 фракции. Не може да се разбере кој со кого е.  Ние не сме човек партија, туку сме партија која што има тела на партијата и ако има таков предлог, засега нема ништо ова е само шпекулација“, истакна Таравари

Во интервју за телевизија Алсат, лидерот на Алтернатива Африм Гаши, пак, изјави дека Алијанса е таа што ги дала првите сигнали дека е подготвена да влезе во Владата. Коментирајќи го евентуално сценарио во кое СДСМ би се договорил АА да влезе во Владата и со тоа да ја „откачи“ Алтернатива бидејќи повеќе нема да ѝ бидат потребни нејзините пратеници за да има мнозинство во парламентот, Гаши вели дека тој и неговата партија не се оптоваруваат со тоа кој влегува и излегува односно дали се дел од мнозинството и опозицијата.

Димитар Ковачевски парламент
Има ли власта стабилно мнозинство?Фотографија: Robert Atanasovski/AFP/Getty Images

Кој има мнозинство? 

Покрај власта, и опозицијата најавува дека разговара, но за да ги попречи уставните измени во парламентот. Зборувајќи за изјавите на функционери на власта дека во ВМРО-ДПМНЕ има проевропско крило кое би гласало за уставните измени, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски деновиве во гостување на МРТ постави контра-прашања: „А, да не имаме ние пратеници за ново мнозинство?“

„Па не дека најавувам ново мнозинство, но како што тие најавуваат дека преговараат, и ние имаме право да работиме на ново мнозинство да ја урнеме власта. Нормално дека работиме на тоа, има конкретни чекори. Само внимаваме да не има нов Кастриот. Разговараме со неколку од 120. пратеници“, рече Мицкоски.

Related posts

Владата даде 32,5 милиони евра за проекти во 44 општини

admin

Касами: Со ДУИ и Алијанса за Албанците нема ЕУ

admin

Временска прогноза за наредната недела

admin

Групата од Грчец имала соработници во разни институции!

admin

КАКВА ЌЕ БИДЕ 2024 ГОДИНА?

admin

Алијанса за Албанците – колку е клучна за влада по изборите?

admin