6.8 C
Скопје
2 март, 2024
Inbox7.mk
НАСЛОВНА

Германска поддршка за европското досие на Северна Македонија

Германија останува најважен партнер за политичко интегрирање на земјата во европските и евроатлантските организации. Провокации на поединци и групи не смеат да го загрозат процесот и односите со Бугарија.

Германија останува силен поддржувач на европското досие на Северна Македонија и во иднина со несмалено темпо. Ваква порака испрати министерката за надворешни работи на Сојузна Република Германија, Аналена Бербок, на средбата со шефот на македонската дипломатија, Бујар Османи во Берлин.

Двајцата соговорници изразиле задоволство од високото ниво на политички дијалог и партнерските односи кои Северна Македонија и Германија ги воспоставија во изминатите 30 години дипломатски односи заклучувајќи дека соработката и партнерството ги карактеризира три децении поддршка, соработка и градење мостови меѓу двете држави.

„Особено го цениме фактот што Германија е наш најважен партнер во политичка и економска смисла, особено кога се работи за прашањата за нашето политичко интегрирање во европските и евроатлантските организации. Северна Македонија останува кредибилен партнер во регионот, и од аспект на НАТО присуството на Балканот, како земја членка, и од аспект на заштитник и промотор на европскиот кредибилитет во регионот“, истакна Османи.

Тој изрази благодарност за силниот интерес на Германија и канцеларот Олаф Шолц да го ревитализира Берлинскиот процес како значајна алатка која ги поддржува евроинтеграциските процеси на Северна Македонија и земјите од Западен Балкан со цел нивно поскоро приклучување кон Унијата, но и за заедничко адресирање на актуелните предизвици со кои се соочува европскиот континент.

Провокациите не смеат да ги загрозат добрососедските односи

Османи на маргините на состанокот на министрите за надворешни работи во рамки на Берлинскиот процес имаше средба со министерот за надворешни работи на Бугарија, Николај Милков, на која е потенцирано дека не треба да се дозволи провокациите на поединци и групи да ги загрозат добрососедските односи.

Во фокусот на првата средба меѓу двајцата министри, по назначувањето на министерот Милков на функцијата, во август годинава, биле бројните провокации од групи и поединци во двете земји, кои изминатиов период засилено доминираа во јавниот дискурс. Заеднички е нагласено дека продолжувањето на дијалогот преку средби, како и преку реализирање на конкретните проекти се единствениот пат кој ќе доведе до  промена на контекстот во кој се дејствува и се влог во создавањето блиски и пријателски односи меѓу двете држави и граѓани.

Претходно бугарскиот заменик-министер за надворешни работи Костадин Коџабашев порача дека Северна Македонија ги загрозува основните права на Бугарите утврдени со Европската конвенција за човекови права, како што се правото на здружување, собирање, слобода и слободно изразување на убедувањето. Тој нагласи дека согласно одлуката на бугарското Народно собрание од 24 јуни 2022 година, Бугарија ќе ја поддржи европската интеграција на Северна Македонија само под услов доколку се гарантираат правата на Бугарите во земјата, додавајќи дека „последните законски измени во Скопје противречат на тој услов“.

Related posts

Ескобар: Сакаме да бидете дел од ЕУ, не сум тука да вршам тортура врз некого

admin

Русија ги предупреди САД дека Украина ќе биде нејзиниот „втор Виетнам“

admin

По измените на Кривичниот законик реагира САД: Мора да покажете резултати

admin

Вучиќ за СНН: Не ни треба нова војна

admin

ЕКСКЛУЗИВНО: ДУИ ЈА ВОДИ ЗЕМЈАТА НА ПРЕДВРЕМЕНИ ИЗБОРИ АКО ВО ЈУНИ НЕ ПОЧНАТ ПРЕГОВОРИ СО ЕУ

ninja

Аеродромот во Хамбург останува затворен, полицијата се справува со „заложничката ситуација“

admin