14.8 C
Скопје
13 октомври, 2024
Inbox7.mk
ВЕСТИ

ЕУ се бори за солидарност во енергетската криза

На самитот, шефовите на држави или влади на ЕУ ќе и` ветат натамошна поддршка на Украина. Но, во фокусот се последиците од војната на Русија за европската економија.

Белгискиот премиер Александер де Кро важи за воздржан политичар и позитивно настроен кон ЕУ. Но, во пресрет на самитот на крајот на неделава од него се слушаа критички тонови. „Оваа недела е клучна за носење одлука.” Вели дека се работи за тоа дали ЕУ во драматичната енергетска и економска криза поради руската војна воопшто има некакво значење: „Или ќе успееме, или ќе потфрлиме”, рече тој во белгискиот парламент. И додаде дека „помина времето за оправдувања.” Ако ЕУ сака да ги заштити домаќинствата и компаниите од растечките цени на енергенсите, тогаш сега мора да испорача резултати.

Тој не е единствениот ЕУ- премиер кој се залага за горна граница на цената при  набавката на гас  на светскиот пазар. Речиси половина од 27-те негови колеги кои се собираат на самитот во Брисел исто гледаат на нештата, бидејќи ограничување на цената брзо може да се спроведе, а нема да ги чини ништо земјите членки.

Нема горна граница на цената за увоз

Другата половина, во која спаѓа и Германија, е критички настроена спрема идејата. Паушална горна граница за увезен гас може да доведе до тесни грла во снабдувањето ако производителите на енергенси во тој случај порадо продаваат на други, е нивната аргументација. „Бродовите со течен гас ќе пловат онаму каде што ќе има повисока цена”, рече претставник на германската влада во Брисел.

На сличен став е и претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лајен која наместо тоа предлага цела серија мерки за регулирање на пазарот. Сѐ уште е донекаде во игра и моделот за субвенционирано ограничување на цената на гасот – во Шпанија и Португалија потрошувачита плаќаат за струја произведена од гас фиксна ниска цена. Разликата меѓу она што го плаќаат потрошувачите и  цената на светскиот пазар  оди на товар на државата. „Се исплати да се размисли на ниво на ЕУ за таква опција. Има уште отворени прашања, но сакам да дадам сѐ од себе”, рече фон дер Лајен во средата во Стразбур.

ЕУ - како да се „заузда“ цената на гасот
ЕУ – како да се „заузда“ цената на гасотФотографија: Kacper Pempel/REUTERS

Германската двојна кочница” против растечките цени на гасот

Во Германија од март 2023 би можело да важи ограничување на цената за сиот гас од кој се произведува  електрична енергија  или се користи за греење на домаќинствата и стопанството. Експерти предупредуваат дека таквиот модел многу ќе чини поради што владата за следните две години предвидела  ново задолжување од 200 милијарди евра.

Добростоечки земји во ЕУ го критикуваат таквиот потег на Олаф Шолц од конкурентски причини во Европа. Тие бараат фондови за помош на ниво на ЕУ кои треба да бидат финансирани од заедничкиот буџет на Унијата. Истите сметаат дека ЕУ слично како и во ситуацијата со короната треба да преземе заедничко задолжување и парите да ги искористи за субвенционирање на енергијата. Но, тешко дека тоа ќе се случи, вели Филип Лаусман од Европскиот центар за политики, тинк-тенк од Брисел. Лаузберг за ДВ вели: „Мошне комплицирано е на европско ниво да се субвенционира горна граница на цената. Пред сѐ богатите земји како Германија се многу воздржани да стават на располагање средства на европско ниво”.

На последниот неформален самит во Прага Шолц ја отфрли можноста за паушално ограничување на цената и ја отфрли критиката за неговата политика на двојна кочница посочувајќи дека сите земји на ЕУ си усвоиле пакети за помош. И де факто, Франција, Италија, Шпанија, Холандија и десетина други „фрлија” десетици милијарди за да ги растоварат своите граѓани од финансискиот притисок. Белгискиот премиер призна дека секако е од големо значење за остатокот на ЕУ ако Германија си ја сочува економијата од колапс. Земјата не само што е најголемата економија и најголемиот нето придонесувач во ЕУ, туку и нејзината економија е тесно поврзана со другите земји.

Протести поради високите цени во Франција, но и во Германија
Протести поради високите цени во Франција, но и во Германија и други држави во ЕУФотографија: Lionel Urman/abaca/picture alliance

Заедничко штедење, заеднички набавки

За да избегне нова кавга, претседателот на Советот на Европа, Шарл Мишел, кој ќе го води самитот во Брисел повеќе ќе сака да разговара околу предлозите на Брисел. Штедење енергија за него е на прво место. Потоа доаѓа заедничката набавка на гас преку европски компании заради концентрирање на пазарната моќ. 15 проценти од гасот што треба да се стави во резерви според планот треба да се набави заеднички по најниска можна цена. Членките на ЕУ треба да се обврзат и меѓусебно да имаат испораки на гас како испомош во случај на недостиг. Европската солидарност мора да биде зацврстена, рече Мишел во поканата за самитот. За да се поддржат посиромашните членки на ЕУ, Комисијата предлага алоцирање 40 милијарди евра од фондови за регионален развој во субвенции за енергенси. Во заедницата за набавка и солидарноста  треба да бидат вклучени и државите од западен Балкан и источните кандидати Украина и Молдавија, смета ЕК.

Исто така, фер цена за течен гас ќе се пресметува преку нов индекс кој треба да го надополни или замени досегашниот механизам за одредување на цената за гасоводен гас. Во теоријата е тоа добра идеја, смета Лаузберг, но вели дека е тешко да се спроведе. „Ако се воведува нов индекс, тој учесниците на пазарот ќе треба и да сакаат да го применуваат, без разлика што е нов и уште не е веродостоен. За тоа е потребно одредено време и мора да се создаде поттик за да се употребува.” Дали притоа воопшто ќе дојде до намалување на  цената, е прашање.

Нови санкции за Иран поради испорака на дронови?

Кај 27-те земји членки на самитот на ЕУ има поголема согласност околу прашањето како да се постапи со Иран. Шефовите на држави и влади сакаат да договорат нови санкции против режимот на мулите во Иран, бидејќи Техеран и` испорачува борбени дронови на Русија. Нивното користење за напади против цивилни украински цели во последниве денови предизвикува голема загриженост и ужас. ЕУ има доволно докази дека дроновите навистина потекнуваат од Иран, изјави портпарол на Европската комисија во Брисел. Иран и Русија ова досега категорично го отфрлаа.

Министрите за надворешни раноти на ЕУ во понеделникот усвоија пакет санкции против иранското раководство. Меѓу другото, на припадниците на шиитската полиција кои се одговорни за смртта на 22-годишната Иранка Јина Махса Амини, им се забранува влез во ЕУ како и да повлекуваат средства од земји од Унијата. Амини беше брутално претепана од шиитската полиција поради „непрописно“ носење шамија, по што почина. Смртта на оваа млада жена пред четири недели предизвика масовни протести во Иран против насилниот режим.

Related posts

ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА КЛУБОТ ВО БИТОЛА: БАРАМЕ ЗАШТИТА ОД ЕУ

ninja

Техничката влада треба да замине во историјата

admin

Холандскиот амбасадор Коп: Не чекате вие, ЕУ ве чека 15 години да ги спроведете реформите

admin

Бројот на милионери ќе се зголеми за 85% во БРИКС

admin

Директорката на Тајната служба поднесе оставка по обидот за атентат на Трамп

admin

Грчкото МНР и реагира на новата претседателка Силјановска-Давкова

admin