7.8 C
Скопје
2 декември, 2024
Inbox7.mk
ВЕСТИ

Шолц во Атина: Може ли Грција да ја снабдува ЕУ со енергија?

Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска е во Атина. Во фокусот на посетата се две теми: енергијата и одбраната. Грција во иднина би можела да игра голема улога во двете области.

Во Јужна Германија и во Австрија има голема потреба од зелена енергија, иако нема да биде лесна задача. Таквата енергија може да ја испорача Грција, рече Константинос Скрекас, грчкиот министер за енергетика, минатата недела на конференција во Атина. За тоа е потребна рута низ Албанија и низ другите балкански држави.

Амбициозен проект кој многумина пред една година го сметаа за чисто фантазирање. Но, во меѓувреме се чини дека таквиот потфат е возможен, смета Костас Лавдас, политиколог на универзитетот Пантеон во Атина. „Руската агресија против Украина има без дилеми серија непосакувани последици. А, една од нив е промена на стратегиите на европските држави, особено на Германија, во однос на зависноста од енергија. Грција станува важен центар за Европа како целина, сметам јас”, вели Лавдас.

Соларната енергија има клучна улога во грчките енергетски планови
Соларната енергија има клучна улога во грчките енергетски плановиФотографија: picture-alliance/dpa

Да се замени испораката на гас од Русија

До 2030 Грција сака 70 проценти од потрошувачката на струја да ја покрива од обновливи извори на енергија. Освен тоа планирани се подводни рути од Египет и Израел кои треба да пренесуваат струја од соларна енергија преку Кипар до Грција.

Пресудна улога во грчките енергетски планови треба да игра и пристанишниот град Александропулис. Преку јужниот гасоводен коридор – збирка на повеќе гасоводи – гас од Азербејџан преку Грузија и Турција стасува до Грција. Од Александропулис пак трансјадранскиот гасовод води преку Албанија во Италија. Освен тоа во пристанишниот град сега се прави терминал за течен гас, кој треба да го снабдува балканскиот регион. И потоа има мега проект кој всушност важеше за откажан, а во овој контекст гасоводот Источен Медитеран станува повторно интересна можност, смета Лавдас. „Не очекуваме дека веднаш ќе се реализира. Но, тоа е една опција која заради војната во Украина повторно личи изводлива.”

Гасоводот најпрво требаше да пренесува гас, потоа водород, од Блискиот Исток преку Кипар и Крит до грчкото копно и од таму во Италија. Долго време имаше задршки околу економичноста на потфатот. Но сега гасоводот би можел да и помогне на Европа да ги замени испораките на гас од Русија – или барем такви се надежите.

Единствениот терминал за течен гас во Грција во моментов се наоѓа во Ревитуса во близина на Атина. Во изградба е и втор во Александропулис, кој треба да ги снабдува балканските земји
Единствениот терминал за течен гас во Грција во моментов се наоѓа во Ревитуса во близина на Атина. Во изградба е и втор во Александропулис, кој треба да ги снабдува балканските земјиФотографија: Costas Baltas/REUTERS

Се зголемува военото значење на Грција

Но, Грција не е само во однос на енергијата сѐ поважна крстосница меѓу Европа, Азија и Африка, туку и воено: пред сѐ САД сѐ повеќе се концентрираат на Грција, вели политикологот Лавдас. „Нема дилеми дека одличните билатерални односи меѓу Грција и САД во изминатите години стануваа уште подобри. Грција во серија прашања консеквентно заземаше про-НАТО позиција, не само по руската инвазија во Украина, туку и пред тоа, како на пример за улогата на Западен Балкан во европското семејство. „Но, тоа не е единствената причина што актуелно имаат посебно добри релации: веќе подолго време во САД се слушаат обвинувања дека во источниот Медитеран Турција веќе не е партнер на кој може да се потпрат. Тука Грција се позиционира како соверлива алтернатива.

Related posts

Беса Адеми останува на чело на Врховниот суд

admin

ОСУМ ИЛЈАДИ МАЛИ И МИКРО ФИРМИ ВО СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ЗА ТРИ ГОДИНИ СТАВИЛЕ КЛУЧ НА ВРАТA

ninja

Фон дер Лајен: Изборот е Ваш, сите партии имаат одговорност за иднината

admin

Харадинај до Албанците во С. Македонија: Не му верувајте на Курти

admin

Некогашната специјална обвинителка сега библиотекарка во “Идризово”

admin

Грција го обвинува раководството на Северна Македонија за иредентизам

admin