10.8 C
Скопје
4 мај, 2024
Inbox7.mk
ВЕСТИ

Еден чекор напред – два назад за уставните измени

Оптимизмот на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, дека македонскиот парламент ќе изнајде сили да ги изгласа уставните измени, не го дели и лидерот на опозицијата, Христијан Мицкоски.

Оптимизмот на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, дека македонскиот парламент ќе изнајде сили да ги изгласа уставните измени со коишто Бугарите ќе станат дел од Преамбулата на Уставот, не го дели и лидерот на опозицијата, Христијан Мицкоски. Еден ден по посетата на фон дер Лајен на Скопје, и повиците за соработка и конструктивност на патот кон ЕУ, Мицкоски испрати порака дека нема да гласаат за уставни измени под овие услови.

Мицкоски вели дека не знае на што се темели коментарот на претседателката на Европската комисија дека во македонскиот парламент ќе поминат уставните измени за внесување на Бугарите во Уставот. „Не знам на што го темели тој коментар. Ако мислат дека пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ќе ги поддржи овие уставни измени под овие услови, еве јавно кажувам дека тоа нема да се случи. Ние имаме јасна позиција, уставни измени под вакви околности ние немаме намера да поддржиме“, порача Мицкоски на денешниот настан во организација на фондацијата „Конрад Аденауер“.

Христијан Мицкоски Димитар Ковачевски
Димитар Ковачески ја повика опозицијата на разговори, но Христијан Мицкоски бара гаранции од ЕУФотографија: Petr Stojanovski /DW

Тој претходно најави дека ВМРО-ДПМНЕ ќе поддржи уставни измени само доколку добие гаранции од ЕУ дека нема да има понатамошни барања од Бугарија.

„Јас сум подготвен за сѐ да зборувам. Ајде аргументите да ги ставиме на маса. Ако ја смениме Преамбулата ќе бидеме ли во 2030 година членка на ЕУ, ќе потпише ли некој дека ќе бидеме членка како што ни ветуваат, ќе донесе ли Европскиот парламент заклучок и резолуција со кој се признава посебноста на македонскиот јазик“, запраша Мицкоски на прославата на 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба.

Фон дер Лајен на синоќешната прес-конференција во Скопје рече дека е сигурна дека во македонскиот парламент ќе поминат уставните измени за внесување на Бугарите во Уставот, што е услов за продолжување на пристапните преговори со ЕУ кога ќе заврши скринингот за околу 14 месеци.

„Сигурна сум дека луѓето од Северна Македонија ќе постигнат мнозинство и ќе гласаат позитивно за уставните измени. Постигнавте многу, минавте низ многу, бевте навистина успешни во напредувањето и сигурна сум дека ќе најдете убедливи аргументи за сите да сфатат дека се одговорни за учествување и за придонес кон тоа земјата да се движи напред. Зборувам за младите луѓе кои што имаат сон. Ги повикувам сите политичари да го остварат овој сон на младите луѓе“, изјави Фон дер Лајен на заедничката прес-конференција со премиерот Димитар Ковачевски. Претходно и премиерот и подаде рака на опозицијата и ја повика на разговори за да се постигне консензус околу важните прашања за евроинтеграцијата на земјата.

Урсула фон дер Лајен Димитар Ковачевски
Урсула фор дер Лајен е оптимист дека земјата ќе најде начин да го продолжи патот кон ЕУФотографија: Robert Atanasovski/AFP

Меѓупартиска консултација 

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, се согласува со премиерот дека политичките партии треба да седнат на заедничка маса околу уставните измени. Џафери денеска рече дека премиерот укажал на потребата на меѓупартиска консултација, бидејќи уставните измени не можат да се донесат без двотретинско мнозинство.

Џафери вели дека пратеничките групи кои имаат свои претставници на координациите со него се за уставни измени, но дека ВМРО-ДПМНЕ и Левица не доаѓаат на овие состаноци. „Идејата е да седнат на маса и да се усогласат ставовите“, порача Џафери на средба со новинарите.

Да не се брза со уставните измени 

Претседателот Стево Пендаровски, пак, смета дека не треба да се брза во процесот на уставни измени за вметнување на Бугарите во преамбулата на Уставот затоа што има 14 месеци до завршувањето на процесот на скрининг.

„Дотогаш може да детектираме и поправиме нешто во однос на потребните реформи, а кога тој процес ќе биде при крај, тогаш да се види дали се има потребното двотретинско мнозинство“, вели тој. Пендаровски ја советува Владата да се оди плански и да не се брза во тој процес.

Стево Пендаровски
Претседателот Стево Пендаровски советува да не се брза и да не се оди со глава во ѕид.Фотографија: President of North Macedonia

„По мене суштински е во тој процес да не се оди со главата нанапред без да се мисли каде евентуално може да удриме. Не би сакал ни случајно, ниту како граѓанин, ниту како претседател да видам процеси слични на усвојувањето на Преспанскиот договор“, рече Пендаровски во Тема на денот на ТВ Сител.

Дека напредокот на земјата ќе оди тешко без уставните измени потврди денеска на брифинг за новинари, портпаролот за надворешни работи, Петер Стано. Тој порача дека за следните чекори во ЕУ процесот со Северна Македонија ќе одлучат земјите членки, јави дописничката на МИА од Брисел. Портпаролот потсети на изјавата на претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лајен, вчера дека „Северна Македонија заслужува да оди напред“ и да напредува најбрзо што е можно.

„Но одредувањето на следниот чекор им припаѓа на земјите членки“, рече Стано.

Related posts

Аналитичари: Приклучувањето на Алијанса за Албанците кон албанската опозиција e шанса ДУИ по 20 години да биде симната од власт

admin

Судски совет наспроти холандскиот амбасадор-работиме законски

admin

Јапонија влегува во рецесија, сега Германија трета економија во светот

admin

ПОТПИШАН ИЛИ НЕ, ДОГОВОРОТ ОД ОХРИД Е ЗНАЧАЕН

ninja

Меџити за „Локално“: По 8. мај земјата ќе биде ослободена од криминалот и корупцијата

admin

Истражување на Политико: Фон дер Лајен ги привилегирала германските компании

admin