9.8 C
Скопје
18 април, 2024
Inbox7.mk
АНАЛИЗА

ВО ПРЕСРЕТ НА ЛИДЕРСКАТА СРЕДБА

Од друга страна, албанските политички партии не се осмелуваат да се откажат од конечно затворање на прашањето за правично и правилно дефинирање на албанскиот јазик во уставот. Секој контрааргумент е веќе консумиран, е исцрпен секој компромис на сметка на оваа прашање. Ако во минатото имаше издржливи оправдувања, овојпат ќе остане само одговорноста за неуспех.

Пишува: Сефер Селими Jr.

Премиерот, воедно и лидер на најголемата владејачка партија, Димитар Ковачески, упати покана до парламентарните политички партии за лидерска средба. Во Република Северна Македонија, оваа практика стана норма за политичката сцена, која често ја одредува динамиката на случувањата во земјата, особено ако земјата е во длабока криза од каква било природа.

Како средство за политички дијалог, таа не е спорна, но укажува на ниското ниво на политичка култура и уште повеќе на степенот на развиеност на парламентарната демократија, нашиот систем на владеење. Впрочем, претставници и креатори на државните политики треба да бидат пратениците – оние кои имаат целосен легитимитет стекнат на непосредни избори од страна на граѓаните.

Сепак, средбата свикана за 7 ноември влезе во фаза на потврдување,  додека најголемата опозициска партија ВМРО ДПМНЕ се уште тактизира со своето учество. На свиканата средба има две главни точки директно поврзани една со друга, онаа за интегративниот процес во Европската унија и уставните измени кои целосно би го деблокирале преговарачкиот процес. Како и секогаш, ваквите средби се користат и за наметнување и диктирање на дебатата на политичката сцена, па затоа сите партии сега наметнуваат теми со кои сакаат да го привлечат вниманието на граѓаните и евентуално политички да поентираат.

Во овој случај, ВМРО ДПМНЕ  соочувајќи со јавен и меѓународен притисок во врска со вклучувањето на бугарите, хрватите и црногорците во Уставот на Северна Македонија,  ја враќа темата за предвремени парламентарни избори и низа други услови за да се избегне средбата. Меѓутоа, кога логично би се анализирало барањето за предвремени избори, лесно може да се сфати дека тоа е само за да се создаде алиби за евентуално неучество, бидејќи во услови на ваква безбедносна, енергетска и економска криза, која никој не може да ја предвиди како ќе ескалира во блиска иднина, да се критикува опозицијата без да преземе сериозна одговорност е многу политички поисплатливо. Исто така, другите теми што сака да ги наметне, како што е прашањето за инфлацијата, платите и другите постоечки проблеми, имаат за цел само да ги девалвираат темите за кои е свикан состанокот. Како и да тактизираат за да го избегнат овој момент, ВМРО ДПМНЕ никогаш нема да може да избега од одговорноста што ја има, а таа одговорност ќе ја дефинира не само политичката иднина на оваа партија туку и на самата држава.

Од друга страна, албанските политички партии не се осмелуваат да се откажат од конечно затворање на прашањето за правично и правилно дефинирање на албанскиот јазик во уставот. Секој контрааргумент е веќе консумиран, е исцрпен секој компромис на сметка на оваа прашање. Ако во минатото имаше издржливи оправдувања, овојпат ќе остане само одговорноста за неуспех.

Related posts

Не се доволни само стратегии, потребна е политичка волја и силни реформирачки лидери

admin

ПАРАЛЕЛНИ СВЕТОВИ, ФАТАЛНАТА БЕЗДНА НА ПУСТОША

admin

„Вирусот“ на поделби кај албанските партии

admin

Дискурсот како моќ и триномот на Хабермас

admin

Анализа на Дојче веле / „Обама момент”: Првиот премиер Албанец во Македонија

admin

Конференцијата за Југославија ја губи трката со настаните на теренот

admin