9.8 C
Скопје
27 февруари, 2024
Inbox7.mk
ВЕСТИ

КОВАЧЕВСКИ И РАМА: МОРА ДА ГО ИЗОДИМЕ ЕВРОПСКИОТ ПАТ

Двајцата премиери пратија јасна порака дека Северна Македонија не смее да го прекине европскиот пат, да се врати во минатото и да се самоизолира. Скопје и Тирана ја зајакнуваат соработката за справување со кризата

Односите меѓу Северна Македонија и Албанија не биле никогаш подобри. Двете земји чекорат заедно на европскиот пат и заеднички со меѓусебна соработка се справуваат и со предизвиците од енергетската криза. Ова го потенцираа премиерот Димитар Ковачевски и неговиот албански колега Еди Рама на заедничката владина седница меѓу Северна Македонија и Албанија која што се одржа денеска во Скопје. Двајцата премиери коишто разговараа за иднината и за она што може да се направи за развојот на двете земји, пријателството и добрососедството, меѓудругото пратија јасна порака дека Северна Македонија не смее да го прекине европскиот пат, да се врати во минатото и да се самоизолира.

„Патот кон ЕУ нема да биде лесен, ниту за Северна Македонија, ниту за Албанија, но на крајот е големата награда – да бидеме горди граѓани кои со крената глава ќе бидат жители на ЕУ, да бидеме побогати, да имаме подобар живот и просперитет. Македонското Собрание има капацитет да донесе одлука да се продолжи патот кон ЕУ. Знам дека сите 120 пратеници ќе донесат одлука со која ќе овозможат јасна визија дека земјата се движи кон полноправно членство во ЕУ, таму каде што припаѓа, а нема да го избере патот на изолација“, порача Ковачевски на прес-конференцијата за новинарите, кој неколкупати апелираше до опозицијата да не ги кочи европските процеси.

На иста линија се и размислувањата на Еди Рама. „За мене ќе биде фатално да имаме враќање назад, да бидеме затворени во историјата. Тоа што е минато, треба да остане во минатото и не треба да има никаков проблем тоа што голем број малцинства се вклучени во вашиот Устав. Не треба да биде оставен никој надвор од Уставот“, вели Рама, кој смета дека се направени епохални напори во однос на евроатлантскиот пат, што е од големо значење и за економијата и за социјалниот развој и за сите внатрешни процеси.

Пример за доброседски односи

Северна Македонија и Албанија се вистински пример за тоа како се градат добрососедски односи. Посебно во време на глобалната економско-енергетска криза, со сериозни предизвици во обезбедувањето струја и храна во државите, оваа соработка е од големо значење. За да има поврзување, потребна е инфраструктура, но пред сѐ е потребно разбирање. Ако добро се разбираме, ако меѓусебно се почитуваме – ние веќе сме поставиле цврсти столбови и за автопатиштата и железниците што физички ги поврзуваат нашите земји и нашите народи. Ова го потенцираше македонскиот премиер на меѓувладината седница на која присуствуваше Еди Рама.

Ковачевски оцени дека од заеднички интерес на двете земји е да се спречат обидите од трети страни да го вовлечат Западен Балкан во непосакувани сценарија, кои ги загрозуваат демократските придобивки  и можностите за економски развој на државите и ќе го вовлечат регионот во нови изолации и тензии кои што Балканот едвај ги надмина.

Димитар Ковачевски Еди Рама
Ковачевски оцени дека од заеднички интерес на двете земји е да се спречат обидите од трети страни да го вовлечат Западен Балкан во непосакувани сценаријаФотографија: Petr Stojanovski/DW

„Северна Македонија и Албанија, заеднички работат на конкретни решенија, вложуваат во сигурна иднина за целиот балкански регион и тоа е веќе јасно за сите. Како демократски влади знаеме дека евроатлантските интеграции се од стратешки интерес за стабилноста и безбедноста, за економијата, и животниот стандард, на целиот Западен Балкан. И Европската Унија конечно сфати дека и нејзин стратешки и безбедносен интерес е Западен Балкан да биде дел од Европа. Дека државите од Западен Балкан имаат демократски прогресивни раководства и дека сега е моментот да се осигура заокружувањето на европското семејство. Овој момент на подадени раце од нашите партнери и пријатели не смееме да го пропуштиме“, вели Ковачевски.

Економска соработка

На денешната седница беа потпишани договори и меморандуми меѓу министрите на двете држави, кои се однесуваат на зацврстување на соработката во повеќе сегменти особено во енергетиката и инфраструктурата. Двајцата премиери се согласни дека треба да се вложат напори за изградба и завршување на патната инфраструктура во делот од патниот Коридор 8 кој ќе ги зајакне економските и трговските односи помеѓу двете земји. Со потпишување на Меморандум тие ја  декларираа заедничката волја да работат заедно за постигнување на целта – поврзување на целиот Коридор 8 до 2030 година.

На 6 декември во Тирана ќе се одржи Самит на ЕУ со Западен Балкан, на кој се очекува помош и заеднички план за надминување на тешката зима и енергетската криза која што е надвисната над регионот. Албанскиот премиер потсети на резултатите направени во рамки на Отворен Балкан и рече дека ќе продолжат да го поддржуваат Берлинскиот процес,бидејќи, како што кажа, тие две се поврзани една со друга.

Димитар Ковачевски Еди Рама
На денешната седница беа потпишани договори и меморандуми кои се однесуваат на зацврстување на соработката во повеќе сегменти особено во енергетиката и инфраструктурата.Фотографија: Petr Stojanovski/DW

Враќање на иконите

Во рамки на седницата меѓу владите на Северна Македонија и Албанија во Скопје се одржа церемонија на потпишување на договори и меморандуми од страна на министрите од двете земји со цел продлабочување на меѓусебната соработка и заедничко справување со актуелните предизвици.

Со еден од потпишаните документи, Договорот за враќање на незаконски изнесените икони од земјава, е предвидено по завршената кривична постапка во Албанија, да започне постапка за нивно физичко враќање во државава. Параф на документот ставија министерките за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска и Елва Маргарити, која на нејзината македонска колешка симболично и врати и една од иконите.

Станува збор за украдените икони од Струшко кои албанската полиција ги пронајде во Тирана во 2013 и оттогаш се чуваа на безбедно во два музеја во Тирана. 21 вредна икона и црковни артефакти до крајот на годината се очек

Related posts

Главоболки за Путин: Индија не купува повеќе руска нафта

admin

БОРИСОВ – ГЛЕДАМ ОБИД ЗА ВРАЌАЊЕ НА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ПОД РУСКО ВЛИЈАНИЕ

ninja

Буџет за 2024 – реален или предизборно напумпан?

admin

Незири за бугарската БНТ: Уставните измени ќе поминат, опозицијата нема да ги блокира

admin

МЕЃУ ХИБРИДНИТЕ ЗАКАНИ, ЗАСКИТУВА И ПО НЕКОЈ УЧЕНИК?

ninja

ШОЛЕ И ЕСКОБАР ЈА ОДЛОЖИЈА ПОСЕТАТА НА СКОПЈЕ

ninja