21 C
Скопје
14 јули, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИЕКОНОМИЈАНАСЛОВНА

Ќе поефтини ли струјата после Нова Година?

Ќе се намали ли цената на струјата после Нова Година или ќе поскапе? СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ со различни проценки и најави.

“Енергетските мерки и политики на СДСМ, создаваат услови цената на електричната енергија да се намали.Цената на струјата за граѓаните во првиот блок од 1 јануари се намалува за 5,16 проценти”,  се пофали владеачката партија СДСМ.

“Во вториот блок останува непроменета, во третиот блок има зголемување на цената од 2,88 проценти, а во четвртиот блок за 1,86 проценти”, појаснуваат од Бихаќка.

Според СДСМ, 80 отсто од потрошувачите во државата никогаш не влегуваат во третиот блок, дури и во зимските месеци остануваат во вториот блок.

Од друга страна, ВМРО-ДПМНЕ вели дека “никогаш не било полошо, струјата поскапува со одлука на власта, повисоки сметки и до 400 денари”.

“Струјата поскапува со одлука на власта, повисоки сметки и до 400 денари, велат во денешното соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.ВМРО-ДПМНЕ: Никогаш не било полошо, струјата поскапува со одлука на власта, повисоки сметки и до 400 денари. Корисниците од третиот блок за сметка која до сега ја плаќале 4.000 денари, сега ќе треба да платат 4.120 денари. Дополнително на тоа ако имаат куќа на село, викендица, стан или втора куќа ќе платат и до 250 денари за мрежарина, со тоа вкупното покачување ќе биде и до 400 денари. Многу повеќе ќе плаќаат граѓаните кои се грејат на струја. Откако СДС е на власт струјата поскапи за 50%. Лага се тезите дека субвенционираат сметки. Со СДС струјата е поскапа. Доколку работеа изминативе 7 години можеа да направат нови енергетски капацитети, наместо тоа, штанцаа тендери во РЕК. Народот преку кредити ги плаќа пропустите на власта во енергетиката. Никогаш не било полошо. Важно е да ги поразиме!, стои во соопштението на партијата”, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Related posts

Три акцелератори за болните од рак набавени залудно: Ветувањата на властите останаа пусти фалби

admin

Иран гаѓа со севернокорејски ракети – откриена тајната војна зад сцената!

admin

КАКО ИСЧЕЗНА ПРОБЛЕМОТ СО ПРИВАТНИТЕ ПРЕВОЗНИЦИ ВО СКОПЈЕ?

ninja

Пукање во Куманово: Повреден функционер на ДУИ, истрагата во тек, партијата го осуди нападот како „варварски чин“

admin

Путин ненајавено во посета на Херсон

admin

Како дојде до распад на германската владеачка коалиција

admin