5.8 C
Скопје
12 декември, 2024
Inbox7.mk
ВЕСТИ

ЌЕ ИМА ЛИ ДОВОЛНО СТРУЈА ЗА МАКЕДОНСКИТЕ ГРАЃАНИ ЗИМАВА?

Блок 1 на РЕК Битола ќе биде исклучен до понеделник поради санација, ЕСМ набавува струја, но надлежните тврдат дека станува збор за привремен увоз. Вицепремиерот Битиќи уверува дека ќе има доволно струја до Нова Година.

Блок 1 на РЕК Битола од синоќа е исклучен од електроенергетскиот систем. Од компанијата тврдат дека станува збор за планско исклучување заради санација на кондензаторот и на дел од цевководниот систем во постројката.

„Преземени се сите чекори со цел интервенцијата да биде кратка и ефикасна и в понеделник (21.11) блокот повторно да биде на мрежа. Исклучувањето на блокот е планирано за време на викендот поради вообичаено намалениот конзум на електрична енергија во овој период од седмицата“, соопшти компанијата. Електричната енергија од Блок 1 на РЕК Битола, ЕСМ планира да ја надомести со зголемување на производството во останатите свои постројки, како и со набавката на струја за која компанијата има веќе склучен договор до 20 ноември.

Изминатото деноноќие се произведени 10.092 мегават часови електрична енергија. Во термоелектраните се произведени 7.692 мегават часови, а во хидроелектраните и во Ветерниот парк Богданци 2.400 мегават часови. ЕСМ набавило 3.110 мегават часовиелектрична енергија.

Ќе има ли доволно струја зимава? 

Според претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски покрај тоа што не работи Блок 1 во РЕК Битола, уште позагрижувачки е тоа што хидроелектраните се на ниво од 18 проценти.

„Комплетно е потрошена водата, работиме со еден блок во Битола и тоа е сѐ и нешто ситно во енергетика за затоплување на источниот дел на Скопје кој што се затоплува преку ЕСМ, оној делот на Автокоманда, Маџари, Железара“,  рече Мицкоски, кој смета дека и покрај ваквата состојба во енергетиката, Владата набавува екстремно скапа струја.

„На почетокот сценариото беше да работат трите блока во Битола, да работат двата котли, една турбина во Неготино, да работи Осломеј и хидропотенцијалот. Од сѐ ова утрово работи само еден блок, вториот блок во РЕК Битола и хидрото ни е на 18% и сега веќе имаме повторно нова набавка на електрична енергија, некаде околу 32 гигават часа бараат струја. Среќа во целата несреќа е што времето сѐ уште некако не е толку студено. Замислете да паднат температурите под 5 степени, како што ќе паднат, еве ако не сега следната недела ќе паднат и во декември, јануари, февруари, што ќе правиме тогаш?“, прашува Мицкоски.

Ветено-испорачано 

Но, вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи, уверува дека ќе има доволно електрична енергија до крајот на годината. „Од јануари ќе гледаме како ќе продолжиме понатаму, но и претходно сме докажале дека тоа што ќе го ветиме, го испорачуваме“, рече Битиќи во одговор на новинарско прашање пред почетокот на Балканскиот економски форум во Скопје.

Надлежните ги прават сите подготовки за во декември да почне производството со сите расположливи домашни капацитети. „ТЕЦ Неготино е во процес на ремонт, но неговата производна цена на електричната енергија е повисока од берзанската цена и немаше логика да произведува дури и да беше во можност да испорачува електрична енергија“, вели Битиќи.

Тој смета дека ако на пазарот има поевтина електрична енергија, недозволиво е да се произведува по повисока производна цена. „Со домаќинско управување со енергетската криза мора да се следи што се случува на пазарот и ако на пазарот има електрична енергија чија берзанска цена е пониска од производствената, недозволиво е да се произведува со повисока цена. Токму затоа се прави привремен увоз на електрична енергија“, вели тој.

Related posts

И ХОЛОКАУСТОТ ПОВОД ЗА МАКЕДОНСКО – БУГАРСКИ ТЕНЗИИ

ninja

Агелер: Од Софија слушнавме агресивен јазик без факти

admin

Која е целта на Законот за амнестија?

admin

Северна Македонија останува посветена на поддршката за Украина

admin

Дали коалиција со ВМРО-ДПМНЕ е „надвор од масата“ на Алијанса за Албанците?

admin

ДИМОВСКИ: ГО НАЈДОВМЕ ВИНОВНИКОТ, ЈАС НЕ ЧУВСТВУВАМ ОДГОВОРНОСТ ЗА ДРЖАВЈАНСТВОТО ЗА ОНИШЧЕНКО

ninja