32.8 C
Скопје
25 јуни, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИРЕГИОН

ВУЧИЌ И КУРТИ ЌЕ СЕ СРЕТНАТ В НЕДЕЛА ИЛИ ПОНЕДЕЛНИК

Српскиот претседател Александар Вучиќ и косовскиот премиер Албин Курти ќе одржат средба в недела на 20 ноември или најдоцна в понеделник на 21 ноември, дознава Радио Слободна Европа (РСЕ) од сигурни извори во Брисел.

Точниот датум ќе зависи од потврдата на лидерите, односно, како што велат европски извори, од логистиката и достапноста на страните.

Ако средбата се одржи в недела, таа ќе биде попладне, а ако се одложи за понеделник, тогаш лидерите ќе се сретнат претпладне.

Средбата на двајцата лидери ќе се одржи пред почетокот на примената на одлуката на косовските власти за казни за сопствениците на возила со српска регистрација.

Високиот претставник на Европската унија (ЕУ) за заедничка надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел, на 14 ноември предупреди дека решението за табличките треба да се најде пред 21 ноември.

Претходно денеска портпаролот на ЕУ Петер Стано потврди дека Брисел ги поканил лидерите на состанок и изрази надеж дека средбата ќе се одржи „многу наскоро“.

Односите меѓу Белград и Приштина се затегнати поради неодамнешната одлука на косовската влада да започне со спроведување на одлуката за укинување на регистарските таблички издадени од српските власти за возилата што главно ги користат Србите на северот на Косово.

Related posts

Политичката мапа за локалните избори се кристализира: ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ веќе објавија 70 кандидати, соработка на власта во повеќе општини

admin

КОРУПЦИЈАТА Е ГЛАВЕН ПРОБЛЕМ НА ЗАПАДЕН БАЛКАН, РЕШЕНИЕТО Е ПРИСТАПНИОТ ПРОЦЕС КОН ЕУ, РЕЧЕ ЕСКОБАР

ninja

Бој Џорџ испадна, Израел предизвика најмногу реакции на Евровизија

admin

Македонија усвојува национален план за справување со масовни жртви и прв национален протокол за изгореници

admin

Бериша: Албанија да го примени македонскиот модел за горива

admin

Македонија го трасира патот на извозник и лидер во регионот по производство на зелена струја

admin