28.2 C
Скопје
23 јуни, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Обвинителството ја отфрли пријавата за лажен TOEFL-сертификат против директорот на АНБ

Основното јавно обвинителство во Скопје ја отфрли кривичната пријава против директорот на Агенцијата за национална безбедност (АНБ), Бојан Христовски, поврзана со наводна употреба на фалсификуван сертификат за познавање англиски јазик.

Две анонимни пријави го обвинија Христовски за користење лажен TOEFL-сертификат издаден од јазичен центар во Пловдив, Бугарија, кој, според пријавите, не бил овластен да врши тестирање.

Обвинителството, по неколкумесечна проверка, утврди дека Христовски не изработил, ниту употребил лажен документ. Пронајдени се два различни сертификати. Едниот е од Language School Julia Co. LTD, а вториот – клучен за одлуката – е издаден од ETS по положување TOEFL IBT тест во домашни услови во 2022 година.

„Визуелната и содржинска форма на вториот сертификат се разликува од документите приложени во пријавата“, соопшти Обвинителството.

Бугарските власти не успеале целосно да одговорат на барањето за меѓународна правна помош, бидејќи сопственикот на споменатиот јазичен центар се наоѓал надвор од државата, се наведува во одговорот до македонските органи.

Сепак, врз основа на достапните податоци, обвинителот заклучил дека нема елементи на кривично дело.

Претходно и Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК) заклучи дека нема основа за постапување по наводите за судир на интереси при именувањето на Христовски. Според нивната одлука од декември 2024 година, тој ги исполнувал законските критериуми за функцијата директор на АНБ.

Related posts

Трамп отвора нова битка: Кој ќе ја преземе најмоќната обвинителска канцеларија?

admin

Го критикуваат Скопје за она што сами го прават – лобираат

admin

6,78 милијарди евра: Што всушност крие новиот Буџет?

admin

Пендаровски: ЕУ ги смени правилата – проширувањето веќе не е според критериуми, туку според геополитика

admin

Европа се вооружува – се гради нова безбедносна архитектура

admin

Нарко-кланови се прегрупираат, партиите се обвинуваат

admin