0.8 C
Скопје
29 ноември, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИ

БАЈДЕН БАРА 37 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ ИТНА ПОМОШ ЗА УКРАИНА

Американскиот претседател Џо Бајден бара од американскиот Конгрес повеќе од 37 милијарди долари итна помош за Украина.

Барањето за финансирање на администрацијата вклучува и 9,25 милијарди американски долари финансирање за борба против ковид 19 пред можниот зимски бран на пандемијата.

Владиното финансирање истекува во средината на декември, а помошта за Украина и финансирањето за пандемијата ковид 19 ќе бидат дел од владиниот финансиски пакет до крајот на септември 2023 година.

Лидерот на републиканците во Претставничкиот дом, Кевин Мекарти, кој би можел да стане претседател на тој дом, предупреди дека републиканците, доколку се мнозинство, нема да поддржат давање „непополнет чек“ на Украина.

Шаланда Јанг, директорка на Канцеларијата за менаџмент и буџет на Белата куќа, рече дека повеќе од три четвртини од 40 милијарди долари одобрени од Конгресот за Украина на почетокот на оваа година се веќе платени. Администрацијата на Бајден побара поддршка од вкупно 37,7 милијарди долари.

„Заедно, со силна, двопартиска поддршка во Конгресот, обезбедивме значајна помош која беше клучна за успехот на Украина на бојното поле и не можеме да дозволиме таа поддршка да пресуши“, напиша Јанг во писмото до претседателката на Претставничкиот дом Ненси Пелоси.

Предложената помош за Украина вклучува 21,7 милијарди долари за воена, разузнавачка и друга одбранбена поддршка, 14,5 милијарди долари за хуманитарна помош и за функционирање на украинската влада, 900 милиони долари за здравствена заштита и услуги за поддршка на Украинците кои живеат во САД и 626 милиони долари за нуклеарна безбедносна поддршка на Украина и модернизација на стратешките нафтени резерви.

Related posts

Македонија отвори истрага за транспорт на мозочни ткива во САД во 1990-тите

admin

Кој кому му служи за изборите?

admin

Гостивар и Терниц станаа светски познати преку ноќ

admin

Мицкоски: Ако помине законот за амнестија, ќе го напуштиме Собранието

admin

Можноста за ескалација на состојбата во Украина е се` поприсутна, оценува врвот на МНР

ninja

Косово слави 25 години од НАТО интервенцијата

admin