23.8 C
Скопје
29 август, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИ

ПРОТЕСНА НОТА ОД БУГАРИЈА ПРИМИЛА МАКЕДОНСКАТА АМБАСАДОРКА ВО СОФИЈА

Македонската амбасадорка во Софија, Агнеза Руси-Поповска била повикана на вонреден состанок, на кој и била врачена протестна нота од Бугарија поради вчерашниот инцидент со бугарскиот културен клуб „Цар Борис Трети“ во Охрид. Портпаролот на бугарското Министерство за надворешни работи, Костадин Коџабашев изјави дека Бугарија очекува надлежните органи во Северна Македонија веднаш да ги преземат сите неопходни активности за откривање и изведување пред лицето на правдата на сторителите на кривичното дело.

Тој исто така посочи дека Агнеза Попоска го уверила дека надлежните институции во Северна Македонија ќе го истражат случајот со цел да се откријат сторителите.

Коџабашев рече дека бугарскиот министер за надворешни работи Николај Милков синоќа телефонски разговарал со неговиот македонски колега Бујар Османи, кој се обврзал што побрзо од македонска страна да се утврди што се случило.

Македонското Министерство за надворешни работи синоќа го осуди оштетувањето на стаклото на бугарскиот клуб „Цар Борис Трети“ во Охрид кое се случило вчера.

„Министерството за надворешни работи на Република Северна Македонија најстрого го осудува вандалскиот чин, при што меѓу другото со употреба на оружје се оштетени надворешните стакла на граѓанскиот клуб во Охрид,“ се наведува во реакцијата за МНР.

Македонскиот пат кон ЕУ беше одблокиран со компромисниот договор со посредство на Франција, за возврат Бугарите треба да бидат внесени во Уставот на Македонија. Договорот беше одобрен од бугарскиот и македонскиот парламент во јули.

За здруженијата и клубови со спорни имиња „Ванчо Михајлов“ во Битола и „Цар Борис Трети“ во Охрид отчукува часовникот да ги прилагодат своите имиња според Законот за здруженија и фондации изгласан на 2 ноември. Тие имаат три месеци да ги сменат имињата или ќе бидат избришани од Централен регистар.

Related posts

Ескалација на конфликтот околу Ормутскиот теснец, десетици ранети во Израел

admin

Харис во Варшава најави нова хуманитарна помош за Украина; преговорите во Турција не донесоа напредок

ninja

Таравари од Њујорк гаси искри во Скопје

admin

ДУИ: Јавното обвинителство е претворено во алатка на власта, случаите во Кочани и Чаир се доказ за контролирано правосудство

admin

„Белата палата“ во центарот на нова бура: Ристоска обвинува, Мицкоски слави победа

admin

„Не е изненадување“ – ЗНАМ со порака по одлуката на Цеков

admin