16.3 C
Скопје
17 мај, 2025
Inbox7.mk
ВЕСТИ

НАТО ПРЕСРЕТНАЛ НАЈМАЛКУ ТРИ ТЕРОРИСТИЧКИ НАПАДИ КОН МАКЕДОНИЈА

Македонскиот претседател Стево Пендаровски, изјави дека во најмалку три наврати НАТО пресретнал терористички напади кои се подготвувале против Македонија.

„Нема да навлегувам во детали, но според податоците добиени од НАТО, во изминативе години најмалку три пати биле пресретнати терористички напади, а се уште биле во подготвителна фаза што се случувала надвор од нашата територија,“ рече Пендаровски во својот годишен говор пред Собранието.

Пендаровски истакна дека НАТО активно и помага на Северна Македонија во однос на хибридните и терористичките закани, пред се поврзани со повратниците од војните на Блискиот Исток.

Пендаровски го потсети Собранието дека „во 2016 година, недалеку од Северна Македонија, во Црна Гора, имаше обид за државен удар преку традиционална, а не хибридна закана“.

„Сепак, требаше да се случи големата трагедија во Украина за да се увериме дека со Преспанскиот договор навреме се ситуиравме под колективниот штит на НАТО, без национално да се обезличиме, како што некои стравуваа“, истакна Пендаровски.

Северна Македонија е полноправна членка на НАТО од март 2020 година, откако претходно го потпиша Преспанскиот договор со кој беше тргнато грчкото вето.

Related posts

Колку ќе ве чини летување во Турција оваа година?

admin

Кој кому му служи за изборите?

admin

ЕУ му возвраќа на Трамп, вон дер Лајен: Веќе ја финализираме првата група контрамерки

admin

ИМА ЛИ РУСКИ ЗАЧИН ВО МАКЕДОНСКО – БУГАРСКАТА ЧОРБА?

ninja

Втор ден од министерскиот совет на ОБСЕ, Лавров “нон грата”

admin

Спасовски: Пукањето во Ист Гејт е криминална пресметка

admin