34.8 C
Скопје
19 јуни, 2025
Inbox7.mk
ВЕСТИ

ПОЧИНА ЛЕГЕНДАРНИОТ БРАЗИЛСКИ ФУДБАЛЕР ПЕЛЕ

Легендата на бразилскиот фудбал Пеле почина на 82-годишна возраст.

Смртта на бразилскиот фудбалер ја соопштија членови на неговото семејство.

„Се што сме ние е благодарение на тебе. Те сакаме бескрајно. Почивај во мир“, напиша на Инстаграм ќерката на Пеле, Кели Насименто, јави АФП.

Пеле беше прогласен за спортист на векот во 1999 година од страна на Меѓународниот олимписки комитет.

Тој освои рекордни три светски првенства, во 1958, 1962 и 1970 година, со што стана една од најзаслужните спортски фигури во минатиот век.

Пеле беше наречен „О Реи“ (Кралот), бидејќи постигна повеќе од 1.000 голови во својата фудбалска кариера, пред да се пензионира во 1977 година.

Минатата година на Пеле му беше дијагностициран рак на дебелото црево, а последниов месец беше во болница.

Неговиот агент Џо Фрага исто така ја потврди смртта на играчот кој се смета за еден од најголемите во фудбалот.

Пеле помина речиси две децении маѓепсувајќи ги навивачите како најдобар стрелец на натпреварите со бразилскиот клуб Сантош и со репрезентацијата на Бразил.

Пеле е роден на 23 октомври 1940 година во југоисточниот град Трес Коракоес, а неговото вистинско име е Едсон Арантес до Насименто. Тој израснал продавајќи кикирики на улиците во Бразил за да му помогне на своето сиромашно семејство да преживее.

Неговите родители го именувале по познатиот американски иноватор Томас Едисон.

Прекарот Пеле го добил бидејќи погрешно го изговарал името на голманот на Васко де Сао Лоренцо, Биле, клуб каде неговиот татко некогаш играл фудбал.

Related posts

НОВИОТ ИНЦИДЕНТ ВО ОХРИД ЈА РАЗЛУТИ БУГАРИЈА

ninja

Остин до Кина: Не бараме конфронтација, но нема да се воздржуваме пред силеџиството

admin

Катерина Колозова: Универзитетите мора да станат дел од индустриските процеси, а не само места за теоретизирање

admin

Ако има војна, 34% граѓани би се бореле за РСМ, 51% не

admin

Бугарски медиуми: На форумот во Прага, српскиот лидер Вучиќ ја крена антибугарската хистерија во Скопје

admin

Силјановска Давкова: Бугарската резолуција е навредлива, очекувам ЕП да го поддржи македонскиот идентитет

admin